СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ВО ПРЕДНОСТ: Јакимовски и Коце водат во општина Карпош, ВМРО-ДПМНЕ и СДС во мртва трка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последната анкета на професионалната рејтинг агенција Центар за истражување и анализа -ЦИА, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски е речиси во двојна предност од противкандидатот од СДСМ, Стефан Богоев.

Со сооднос во рејтинзите од 40,9 % на добиени гласови наспроти 23,6%, значи дека ако изборите би се одржале веднаш, Јакимовски би го “прегазил“ Богоев.

Репрезентативниот примерок на ЦИА од 1.202 анкетирани граѓани говори дека граѓаните на Карпош повторно ќе го изберат сегашниот градоначалник и тоа благодарение на три клучни фактори: Досега изведените проекти, личноста и програмата што им ја нуди за наредниот четиригодишен мандат и претходното работно искуство. Тоа всушност укажува на фактот дека граѓаните на Карпош јасно знаат да разграничат парламентарни од локални избори и дека незначителен број на граѓани би гласале само поради партиска припадност на еден од кандидатите.

Оваа анкета е направена на двојно повеќе граѓани од таа на „Рејтинг“ од 600 испитаници, со што во старт ја прави поверодостојна.

Карпошани веруваат само на она што го виделе и веруваат во личност која е способна да го испорача ветеното. Очигледно и оваа анкета покажува предност на искуството во водењето на општината, односно недоверба во понудите на неискусни кандидати од страна на партиите.


Дека Јакимовски е идниот градоначалник на Карпош мислат повеќе од половината испитаници на ЦИА односно 53,4% од прашаните. Овој процент е поголем од граѓаните кои рекле дека ќе гласаат за Јакимовски бидејќи дури и оние кои не мислат да гласаат или би гласале за Богоев, реално ја проценуваат состојбата. Во Карпош на терен е сосема јасно- Јакимовски добива нов мандат од граѓаните.


Во прилог на Јакимовски е токму искуството, односно 54,4% го гледаат како поподготвен градоначалник наспроти 21,7% односно, околу 2% од оние кои би гласале за Богоев признаваат дека Јакимовски е поподготвен да биде градоначалник.
Дека станува збор за поисцрпна и поверодостојна анкета говори и фактот што според резултатите на ЦИА во Карпош преовладува поголема наклонетост кон СДСМ од 26,3%, наспроти 21,3% за ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ -10,5%.

Истражувањето на ЦИА е вршено во речиси ист временски период кога и испитувањето на „Рејтинг“ односно од 24 до 29 септември, со можно отстапување во резултатите од ±2%, наспроти процентот на статистичка грешка кај „Рејтинг“ од ± 3,9%.

Инаку ЦИА ги вршеше испитувањата на јавното мислење за Стевчо Јакимовски и во 2012 врз основа на кои Стевчо Јакимовски се одлучи да се кандидира и кои укажуваа на убедлива победа на Јакимовски што всушност и се случи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This