СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ „РАСПАЛИ“ ВО СТРУМИЦА: Заев, оној што ми бараше мито од 250.000 евра е ангажиран од душманите на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Му напишаа сценарио, мислеше дека ќе ја предводел Балканската пролет. Прво ќе си одел Груевски, па незнам Ѓукановиќ, Вучиќ, Додик, Бојко Борисов, Виктор Орбан, Ципрас во Грција – он ќе бил прв, тој ќе почнел. Му го напишаа сценариото во канцелариите на странските агентури, на нашите душмани. Му дадоа паричка, му направија добро сценарио и го избраа актерот. Ама ќе простат, тој филм тука во Македонија нема да го гледаат. Ние имаме свое јас, има нешто што не се продава. Не се продава достоинството, не се продава историјата, не се продаваат жртвите и нивните коски, не се продава иднината на нашите деца. Е, тоа не се продава. И ќе видите на 11-ти дека ние тука во Македонија имаме свое јас. Умре времето кога за Македонија одлучувавте во Букурешт и во Париз – рече Стевчо Јакимовски од Струмица.

stevco_miting-konfiskacija

На почетокот Јакимовски му честиташе на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за одличниот начин на кој што се води кампањата, но го повика да не се мачи да ги објаснува веселите математики на Зоран Заев во врска со повратот на ДДВ и небулозните ветувања, бидејќи како што рече Јакимовски, Заев не е по давањето, туку по земањето. Од математички функции знае само земање.

– Кога се учело делење не одел на часови. Ако делел не би имал капитал од 40 милиони евра – рече Јакимовски.

– Дојде во Карпош да одржи митингче, велам митингче оти имаше 300 луѓе со чадорчиња покиснати. Се имаше, само Карпошани немаше и си помина како бос во трња. И што ќе ни каже, јас и Груевски сме биле бандити. Абре како бандити? Ние ли сме сликани како бараме пари или ти? Ние ли ги праќавме тие пари кај бате Вице или ти? Ние ли дававме тендери и на бате и на чиче, и на вујче и на тетка и на стрина. Јас незнам дали имаат дома некое маче и на него да му дадат тендер.
Ама не ми одговори на клучното прашање. Ми бараше ли мене пари или не? Како тоа ние бандити, кога не јас од тебе туку ти од мене бараше пари? – рече Јакимовски, додавајќи дека Заев од него барал 250.000 евра мито.

-Повеќе од година ипол го прозивам и ќути не кажува ништо, како дете кога ќе направи некоја беља. Знаете ли зошто не реагира? Па не може да се сети, не знае кому се и за што се барал мито. Јас знам дека многу го сака квизот милионер а таму има една рубрика 50-50 и таа е за со Вицето, а друга има помош од пријател па затоа јас сакам да му помогнам да го потсетам зошто ми бараше 250.000 евра. Во Струмица и струмичко, тендерот за управување со цврст отпад го доби австриската фирма Аса Интернешнл. Јас бев нејзин консултант. Од мене побара 250 000 евра , му кажав дека тоа не е можно, дека тоа е голема фирма и нема шанси за такви работи. Следниот пат дојде и ми даде ливче на кое пишуваше 50 000 евра за изградба на црквата, 50 000 ерава за спортот во Струмица, 50 000 рева за културата и 100 000 евра за него лично, оти Ромите го јаделе секое сабајле. Инаку тој не ги нарече Роми, поинаку ги вика а јас тој збор не можам да го употребам, рече Јакимовски.

За што му требале парите, за да купува Ромски души и гласови во Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This