March 29, 2024, 12:14 am

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СТАБИЛНО ВОДИ ПРЕД БОГОЕВ: На пет дена пред изборите, Јакимовски со солидна предност пред Стефан Богоев – Карпошани поделени помеѓу Трајановски и Шилегов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последната анкета на професионалната рејтинг агенција Центар за истражување и анализа -ЦИА, кандидатот за градоначалник и досегашен градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски води со стабилна предност пред кандидатот на СДСМ, Стефан Богоев.

 

Со сооднос во рејтинзите од 41,4 % на добиени гласови наспроти 23,1%, значи дека ако изборите би се одржале веднаш, Јакимовски би го “прегазил“ Богоев.

Репрезентативниот примерок на ЦИА од 1.208 анкетирани граѓани говори дека граѓаните на Карпош повторно ќе го изберат сегашниот градоначалник и тоа благодарение на три клучни фактори: Досега изведените проекти, личноста и програмата што им ја нуди за наредниот четиригодишен мандат и претходното работно искуство. Тоа всушност укажува на фактот дека граѓаните на Карпош јасно знаат да разграничат парламентарни од локални избори и дека незначителен број на граѓани би гласале само поради партиска припадност на еден од кандидатите.

Карпошани веруваат само на она што го виделе и веруваат во личност која е способна да го испорача ветеното. Очигледно и оваа анкета покажува предност на искуството во водењето на општината, односно недоверба во понудите на неискусни кандидати од страна на партиите.

 

Дека Јакимовски е идниот градоначалник на Карпош мислат повеќе од половината испитаници на ЦИА односно 57,6% од прашаните. Овој процент е поголем од граѓаните кои рекле дека ќе гласаат за Јакимовски бидејќи дури и оние кои не мислат да гласаат или би гласале за Богоев, реално ја проценуваат состојбата. Во Карпош на терен е сосема јасно- Јакимовски добива нов мандат од граѓаните.

Во прилог на Јакимовски е токму искуството, односно 56.5% го гледаат како поподготвен градоначалник наспроти 21,4% односно, околу 2% од оние кои би гласале за Богоев признаваат дека Јакимовски е поподготвен да биде градоначалник.

Дека станува збор за поисцрпна и поверодостојна анкета говори и фактот што според резултатите на ЦИА во Карпош преовладува поголема наклонетост кон СДСМ од 26,9%, наспроти 22,1% за ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ -8.4%.

Инаку ЦИА ги вршеше испитувањата на јавното мислење за Стевчо Јакимовски и во 2012 врз основа на кои Стевчо Јакимовски се одлучи да се кандидира и кои укажуваа на убедлива победа на Јакимовски што всушност и се случи.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This