СТЕРЈОСКИ ДАВА ЗАКЛЕТВА: Македонецот кој стана пратеник во Албанија утре ќе даде зakлетва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската Централна изборна комисија на денешната седница ги верификува мандатите на тројца нови пратеници, меѓу нив и Васил Стерјовски, од едниствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

Според најавите зakлетва тој треба да даде на утрешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом на која се очекува и негово обраќање.

Со тоа тој ќе биде првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Според партски извори во парламентот, Стерјовски како дел од парламентарната опозиција ќе ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција.

На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

Васил Стерјовски е познат активист за правата на Македонија во Албанија. Запишан е на докторските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, на Институтот за национална историја на студиската програма на хуманистички науки, подпрограма Историја на Македонија, со потесна област на истражување Македонците во Албанија.

Тој е генерален секретар на МАЕИ а на последните локалани избори беше избран и за советник во Советот на опшина Пустец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This