Стефанова, Ајро, Пеливанов, ПоП Трајкова и Кoларевиќ се нови обBинители во тимот на Руckoвска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе го засилат Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Коларевиќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Тие беа избрани на денешната седница на Советот на јавно обвинители.

На конкурсот за избор на 5 обвинители во ова обвинителство беа пријавени 14 кандидати. Меѓу нив имаше и други обвинители од СЈО, како Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе, но тие, како и останатите петмина други обвинители пријавени на конкурсот не ја добија поддршката од членовите на Советот на јавни обвинители. Сепак, дел од нив се пријавени и на конкурсот за обвинители во Вишото јавно обвинителство – Скопје и се очекува да бидат избрани за виши обвинители во текот на денешната седница.

Изборот на нови обвинители во вишото скопско обвинителство е следна точка на дневниот ред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This