April 24, 2024, 12:23 am

СТЕФАН БОГОЕВ НА ЛЕТУВАЊЕ ОД ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА: Градоначалникот на Карпош летува на Бали и во Катар по цени од 1.000 евра на ноќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По се изгледа градоначалникот на општина Карпош многу се изморил од работата во изминатите осум месеци, па решил летото да го помине на егзотични локации како Бали во Индонезија и Катар

 

 

Како што дознаваме, градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев ова лето решил да го помине на неколку егзотични локации, од кои едната е Бали во Индонезија, а другата Катар во Обединетите Арапски Емирати.

Не е јасно од што толку се изморил градоаначалникот, ако се има во предвид дека во општината во последните осум месеци нема реализирано ниту еден проект од ветените во предизборната кампања, а оние кои се реализирани и со кој Богоев се фалеше преку општинското гласило се само проекти од претходната локална власт, проекти кои тој само ги доврши.

По мало пребарување на интернет може да се заклучи дека летувањето на Богоев ќе чини неколку десетици илјади евра, ако се вкалкулираат и патните трошоци, плус шопингот кој тој и неговата сопруга ќе го направат на овие две егзотични локации.

Имено, ноќевање во Бали не може да се најде за цена помала од 950 евра, односно, десет дневен аранжман би го чинел Богоев 10.000 евра само за хотел. Во Катар е нешто поефтино, или во најефтината варијанта 250 евра од ноќ.

Се поставува прашањето од каде му се овие средства на градоначалникот на општина Карпош, чија годишна плата не би покрила ниту едно од овие две патувања, а за да ги исплати аранжманите би му требале најмалку две години целата сума од градоначалничката плата да ја собира за да може да си дозволи вакво летување.

Транспарентноста сепак, во општина Карпош е непостоечка, а од општината воопшто не се ни обидоа да одговорат на повиците на „Инфомакс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This