April 24, 2024, 11:09 pm

СТЕФАН БОГОЕВ ОСТАНАЛ САМ ВО КАФАНА: Градоначалникот на Карпош закажал средба со вработените во кафеана, никој не дошол!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Верувале или не, градоначалникот на опшитина Карпош во петокот на 1.март ги покани вработените од локалната самоуправа во еден ресторан во Т.Ц. Лептокарија на запознавање и дружење.

Ова запознавање „великиот“ градоначалник одлучил да го направи по една ипол година од неговото и неуспешно раководење со општината. Тој се одлучил на ваков чекор затоа што изминатиот период работното време го поминувал затворен во својот кабинет опкружен само со неколку свои луѓе. За задоволството на вработените да го видат својот градоначалник трбале да платат по 700 денари.

Интересот на вработените од општина Карпош да го видат нивниот „шеф“ и уште за тоа да платат бил никаков. Од тие причини нарачаната дружба со ручек/вечера од 17.00 часот и задолжителна музика била откажана.

Во надеж дека во наредниве година ипол вработените во општина Карпош ќе изразат поголем интерес да го видат својот градоначалник раководството на општината ќе закаже нова средба по сопствена проценка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This