Стефан и Михаил Младеновски: Кои се браќата што открија детали за упадот во Собрание?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Браќата Стефан и Михаил Младеновски се првите обвинети за случајот „27 април“, кои пред јавноста и судот обелоденија детали за тоа кој го организирал влегувањето во Собранието. Иако тие двајца маскирани влегоа во Собрание, пред судот рекоа дека ќе ја кажат нивната вистина и ќе кажат факти кои би оделе во нивна корист, но и на нивна штета, ПИШУВА Независен.мк/


Според нивните сведочења, упадот бил планиран, сите насоки ги давал Александар Василевски-Нинџа, кој во јавноста е познат како близок соработник од подземјето на поранешната власт, а организатори на крBавиот четврток биле поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски и негови блиски соработници, меѓу кои беше споменат и разузнавачот Никола Бошкоски кој е во бегство.

Стефан Младеновски е познат по прекарот Кобра и неговото име не се поврзува со политиката, но неговиот брат Михаил Младеновски е активен во политичкиот живот од 2007 година. Михаил Младеновски ги организираше протестите против државната матура. Иако тогаш тврдеше дека зад протестите не стои ниту една политичка партија, Младеновски стана генерален секретар на СДММ, подмладокот на СДСМ. Но потоа почна протести против партијата од која произлезе, конкретно против поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски. Го обвини дека бил нападнат од лица кои биле блиски до Црвенковски, односно пријави дека го претепал командант Коки.

Беше на чело на невладината „Младинска организација за демократска иднина“, која протестираше против Црвенковски пред седиштето на СДСМ. Во 2013 година најави дека на претстојните локални избори ќе настапат со независни кандидатски листи, незадоволни од последните одлуки на СДСМ. Преку акција насловена „Денар за Бранко“ сакаше да покаже дека на Црвенковски му се важни само моќта и парите.

Во своите сведочења браќата кажаа дека со Нинџа се познавале од поодамна и дека со него се среќавале често и добивале насоки, а упадот во Собрание се планирал од поодамна. Сепак, во своето сведочење не го споменаа името на Мијалков и на поранешниот премиер Никола Груевски, туку го обвинија тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој беше поставен на чело на УБК по оставката на Мијалков. Атанасовски ќе остане запаметен по историското „отвори, отвори“ на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која не и дозволуваше да влезе во тајната полиција и да земе податоци од системите за прислушување.

По селективната амнестија што ја најави премиерот Зоран Заев, повеќето од обвинетите се откажаа од својата одбрана и не дадоа исказ пред Судот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This