Стефковски го посети семејството од Сингелиќ кое зaгуби два члена во тpaгична нecреќа во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски денеска го посети семејството на Идавер Османи од Сингелиќ, кој ги загуби сопругата и ќерката во трагичната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, јавува ТВ21. Стефановски во објава на Фејсбук напиша дека Општината е подготвена да му помогне на семејството Османи во иднина.

„Попладнево го посетив домот на семејството Османи од Сингелиќ кое во трагичната несреќа во Република Бугарија загуби свои двајца членови.
Како градоначалник на општина Гази Баба, но пред се како човек сакав лично да го посетам семејството и да изразам сочувство за трагедијата.
Не постојат зборови за утеха кои можат да го утешат господинот Идавер Османи кој во оваа несреќа ја загуби својата сопруга и својата 23 годишна ќерка.
Во разговор со него, му дадов збор дека Општина Гази Баба е отворена и подготвена да помогне на семејството Османи во иднина“, напиша Стефковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This