СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО АМЕРИКАНЦИТЕ: Не патувајте во Косово и БиХ поради зголемен ризик од тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Стејт департмент денес објави обновенo предупредување до американските граѓани кои патуваат во странство.

На интерактивна карта поместена на веб-сајтот на Стејт департментот, сите земји се поделени во четири категории. Нашите најблиски соседи како Косово и Босна и Херцеговина се ставени во втора категорија.

Во објаснувањето што го доби дописникот на МИА во Вашингтон, стои дека во земјите од втора категорија постои ризик од нарушена безбедносна ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патување овде.

Во предупредувањето за патување во Косово се советува особена внимателост поради зголемен ризик од можен тероризам.

-Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири, се вели во предупредувањето.

Понатаму, истакнато е дека терористички групи од Косово и Босна и Херцеговина подготвуваат можни напади во регионот на Балканот.

-Терористи можат да извршат напад без предупредување. Нивна цел се туристички локации, пазари и шопинг центри, локални владини установи, хотели, клубови, религиозни места, паркови или масовни спортски и културни настани, се вели во предупредувањето.

За Босна, покрај за тероризам, важи предупредување и за нагазни мини, и се наброени истите точки каде терористи би можеле да извршат напади.

Најзагрозени се земјите од трета и четврта категорија и се препорачува преиспитување на патувањето и избегнување да се патува поради сериозен ризик во однос на безбедноста во овие земји. Русија, на пример, е ставена во трета категорија. Патувања во регионот на северен Кавказ како во Чеченија и на планината Елбрус не се препорачани поради граѓански немири.

-Не патувајте на Крим поради странска окупација и злоупотреби од страна на окупантите, се вели во предупредувањето

Заменик помошникот на државниот секретар, Мишел Берние-Тот, на специјален брифинг за новинарите во Стејт департментот денес укажа дека дел од земјите од четврта категорија се и  Авганистан, Централна Африканска Република, Ирак, Иран, Либија, Мали, Северна Кореја, Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Јемен.

Во предупредувањето се прецизира дека условите во сите овие земји можат да се променат ненадејнао и на американските граѓани им се препорачува воопшто да не патуваат таму.

Македонија, како и нашите соседи Албанија, Србијa, Бугарија и Грција се ставени во прва категорија на земји каде условите за патување се нормални и ризикот по безбедноста е низок. (МИА)

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This