СТИГНАА ПОСЛЕДНИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПАРИ ЗА “ШАРЕНИТЕ”: Предизборна финансиска инфузија за соросоидите

Поврзано

- Advertisement -
Демократскиот естаблишмент ја искористи последната шанса да префрли пари од американскиот буџет на сметките на македонските соросоиди – пред Доналд Трамп да ја преземе администрацијата и да ги скрати фондовите на УСАИД
- Advertisement -

Само неколку дена по победата на Доналд Трамп на изборите во Америка, од буџетот на американските граѓани (УСАИД) на сметките на македонските Соросови организации се префрлиле милионски суми. На веб-страницата на координаторот на проектот, EWMI (East-West Management Institute), стои дека фондот ќе црпи пари од 2016 до 2021 година, а парите ќе ги добиваат невладини организации кои и се познати на македонската јавност.
Македонија не е единствениот пример, додека не стапила на сцена новата администрација во САД, старата блиска до Соросовите структури ширум светот ги користи последните денови за да извлече милиони во своите оф-шор невладини организации кои треба да создаваат нереди ширум светот.
Од УСАИД овој пат не се транспарентни и за разлка од претходно не објавуваат колкава сума пари преку фондот ќе поделат во Македонија. Според неофицијални информации на “Вечер”, се работи за сума која надминува еден милион долари.
И овој пат, како и претходно парите ќе се насочат за “граѓански активизам” односно за организирање на протести.

– Проектот ќе им помага на невладините организации и граѓанските алијанси да стигнат до знаење, механизам и ресурси за да генерираат граѓански активизам и да водат јавна дебата и акции за транспарентно владеење на сите нивоа на носење на одлуки, стои на сајтот на проектот www.ewmi.org. Организациите кои ќе ги поделат парите и се познати на македонската јавност. Се работи за подружницата на Фондацијата Сорос во Македонија, Фондацијата Метаморфозис, која исто така важи за продолжена рака на Сорос. Овој пат, дел од милионскиот колач добила и Асоцијацијата за демократски иницијативи (Ади) на Алберт Муслиу во која работи и членот во ад-хок телото за медиуми, Љуљзим Хазири. Вклучен е и некаков Младински национален совет.
Тајмингот на делењето на средствата кореспондира со предизборната кампања во Македонија, па оттука се поставува прашањето: Дали овие пари ќе бидат користени во параполитички предизборни активности на Соросовите организации?
Дека и на финансиерите и на оние кои одработуваат на терен им гори под нозе, потврдува тоа што парите се префрлени веднаш по изборите во САД, за потсетување избраниот претседател Доналд Трамп најави дека скоро целосно ќе ги скрати фондовите на УСАИД за вакви активности ширум светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This