March 28, 2024, 10:38 am

СТИНГ ,,НАВИВА” ЗА ВАРДАР: Го oдлoжи концертот бидејќи верува дека РК Вардар ќе оди во финале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светски познатата поп-ѕвезда Стинг го oдлoжи за подоцна концертот на градскиот стадион во Скопје поради настапот на македонскиот првак Вардар во завршницата на ракометната Лига на шампиони.

Овој викенд сите очи ќе бидат вперени во Келн каде што се игра фајнл-фор турнирот. Легендарниот британски музичар Стинг в недела, на 2 јуни има настап во Скопје и тој се согласил концертот да го започне подоцна, затоа што се верува дека Вардар ќе игра финале на ЛШ.

Оваа информација синоќа ја сподели организаторот на овој настан.

„Со огромно задоволство Ве информираме дека менаџментот на Стинг покажа огромно разбирање на нашето барање, со желба да го споиме убавото со корисното. Бидејќи постои шанса ракометниот клуб Вардар да игра во финалето на фајнл фор во недела со почеток од 18 часот, првиот настап вечерта на Влатко Стефановски трио ќе почне во 20:30 часот, додека Стинг ќе го видиме на големата сцена во 22:00 часот. На ваков начин сите оние коишто дури и од дома би го гледале ракометниот пренос, би можеле да стигнат навреме и на концерт, соопшти Авалон.

Во полуфиналето, в сабота, во 18 часот Вардар ќе се сретне со добро познатиот противник Барселона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This