March 28, 2024, 11:44 am

СТОИЛКОВИЌ: Исклучително се пpoблематични односите помеѓу Србија и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставникот на српската заедница во Македонија, Иван Стоилковиќ, по повод посетата на српската премиерка Ана Брнабиќ, зборуваше за односите меѓу Србија и Македонија. Според него генерално односите меѓу граѓаните на двете земји се задоволителни.

Како исклучително пpoблематични тој ги оцени политичките односи меѓу двете земји, нагласувајќи дека Владата во изминатиот период не направила апсолутно ништо за да ги подобри истите. Посебно ја напомена aнти српската пpoпаганда која се води последните три децении со акцент на договорите за добрососедство што Македонија ги склучи со Бугарија, Грција и Албанија, но не и со Србија, што алудираше дека односите меѓу земјите се проблематични.

На прашањето за дипломатскиот инцидент кој неодамна го предизвика Заев откако го нарече Вучиќ руски човек, како и за скандалите кои го следат советникот на Заев, Башановиќ, како и прашањето дали признавањето на Косово како суштинско недоразбирање помеѓу двете земји кое трајно ги наруши односите може да се турне под тепих и Србите да преминат преку тоа во име на добрососедските односи, Стоилковиќ смета дека македонската Влада нема капацитет да изнајде начин да ги надмине овие прашања и проблеми.

Стоилковиќ исто така изрази незадоволство од неажурноста на надлежните да ја спроведат на дело одлуката за слободно изучување на српскиот јазик која остана само на хартија. Српската заедница не доби ниту план ниту програма, а финаските средства што се издвојуваат се незначителни. Стоилковиќ исто така нагласи дека не очекува работите да се смената до крајот на мандатот на оваа Влада, за кој се надева дека ќе заврши наскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This