Стоилковиќ му одговори на Бајден: „Иди бегaj“ ако ви каже да скокнете во Вapдар ќе скокнете?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Читам дека демек Бајден рекол нешто и сега сите као нешто коментираат и објаснуваат, ама никаде не прочитав во тие анализи на стручњациве од општа пракса, дека ако Бајден Ви каже да скокнете во надојден Вардар да ли ќе го послушате или не е вкусно да се поставуваат вакви прашања.

Никој да напише што станува со критичката мисла, со слободата на јавно изразување, никој. Подржувачите на цензура, а самопрокламираните борци за вредности, а незнајно кои, у ствари знајни, бидејки за продадените души вредностите се дваесетина сребреници, а знаеме како Јудините сребреници завршија, ги снема.

Ником поникоше и у црну земљу пропадоше. Се спомнуваат црни листи, фрчат закани ама никој не го поставува прашањето што со владиното мнозинство кое е прополно со луѓе на американските црни листи, за чудо нема такви во опозицијата. Па кога од овој агол ќе погледнете црните листи изгледа служат како покана за влез во Владата.

И ако го исклучиме Преспанскиот договор кој е имплементиран спротивно на референдумската одлука, тогаш сосема оправдано се наметнува прашањето колку од претставниците на Владата би требало да завршат на црните листи заради фактот што како пачавра го развлекуваат Охрискиот договор надвор од Уставот и законите и го претворија во “Бунар жеља”, но само за нивните себични интереси. И ако не сте политички коректни, односно ако не скокнете во надојден Вардар и се удавите тогаш ќе ви ги угасат ФБ алатките, твитер налозите и слично. Иди бегај, пишува пратеникот Иван Стоилковиќ на Фејсбук како одговор на декретот на Бајден со кој сите кои се противат на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор ќе бидат ставени на црната листа на САД.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This