СТОИЛКОВИЌ ЈАВНО ГО ПОВИКА ЗАЕВ ДА ОБЈАСНИ: Очекувам одговор од премиерот Зоран Заевза за предлогот на Енвер Хоџај за „па кт против Србија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ рече дека очекува одговор од премиерот Зоран Заев за предлогот на Енвер Хоџај за „па кт против Србија“
На сите ни е јасно дека Заев нема да даде одговор, бидејќи тој одговор е да, а со тоа ќе се загрози неговата и позицијата на македонската влада по прашањето на внатрешна политичка стабилност, рече Стоилковиќ за Танјуг.


Доколку биде принуден да се изјасни, вели тој, Заев ќе го прифати барањето кое што доаѓа од Приштина.Во врска со изјавата на косовскиот вицепремиер Хоџај дека во Македонија, Хрватска и Црна Гора разговарал за основање на „па кт против Србија“, Стоилковиќ преку Фејсбук го повика македонскиот премиер да се изјасни на чија страна е.
Побарав објаснување и го прашав Заев да одговори пред македонските граѓани на чија страна е. Дали е можеби на страна на албанските шовинисти или на страна на сопствениот народ и на крај на краиштата, на страна на припадниците на српската заедница која што живее во Македонија, вели Стоилковиќ.

Тој нагласува дека доколку Заев се изјасни дека е на страна на Косово, тоа ќе ѝ даде право на неговата партија најотворено да биде на страната на Србија. Тоа подразбира, како што вели Стоилковиќ, не само солидарност со Србија и српскиот народ, туку и координација со српската политика.
Ние од ова нема да се откажеме, бидејќи ова е премногу. Не само за нас, туку и за целиот македонски народ, бидејќи според сите истражувања на јавното мислење, македонскиот народ Србите и Србија ги смета за свои најблиски и најдобри соседи, вели Стоилковиќ и додава дека ќе продолжи да бара одговори се додека не ги добие.
Според него, изјавите кои од Македонија доаѓаат до српската јавност претставуваат манипулација, која доаѓа од Заев и неговите лобисти.
Во тие изјави тој зборува се најдобро и од неговата уста тече мед и млеко, а всушност не е така. Македонија со промена на својата политика ја стави Србија во неповолна позиција, бидејќи Србија на јужната граница доби нова Хрватска, истакнува Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This