СТОИЛКОВСКИ:Трпението за ваква власт одамна е завршено- крајот им почнува на 2 јуни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Измина година во која октроираната власт на Заев, Ахмети, Гаши, Тачи, Амди Бајрам, Милевски и Тито, заедно во власт за една намена, ги срушија темелите врз кои долги години опстојуваше Република Македонија. Измина година на лаги, расипништво, пропаѓање на секој план. Ветија одговорни и департизирани институции во служба на граѓаните, а добивме партиски и клановски башибозук во служба на криминалниот картел на Заеви! Ветија независно и праведно судство, добивме партиски полтрони, исплашено судство кому премиерот му ги диктира пресудите. Најголемата судска реформа е ослободувањето на Заев за корупција, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ви ветија политика која нема да биде надредена над правото, а добивме владеење на улицата и криминалот. Пајаци ги тепаат полицајците! Така изгледа департизацијата, деполитизацијата и професионализацијата со оваа власт. Ветуваа дебата и дискусија за секој закон, добивме скратени постапки без никаква дискусија! Ви ветија едно општество за сите, добивме неколку паралелни општества! Ви ветуваа дека бројот на министри во Владата од 26 ќе се намали на 20. Не само што не е намален, згора на тоа и кабинетскиот персонал е зголемен со таканаречени револуционери и послушници како советници. Буџетот наместо за капитални инвестиции се користи за намирување на коалициските договори. Министерството за култура финансира песни и концерти за величење на Адем Јашари. Музејот на Македонска борба за самостојност, за 200 настани има во просек по 1000 денари за настан. Музејот од министерството добива исто толку пари, колку што даде и за издавање на книгата „Тумори на мочниот меур“, како дело со уметничка вредност, рече Стоилковски и додаде:

„Заев и неговиот клан, во оваа една година, нудејќи ви евтина тарифа и ТВ претплата, Ви ја одзема иднината на Република Македонија, Ви ја одземаа можноста да бидете Македонци, Ви ја одзеде историјата, Ви го одзема севкупното македонско наследство. Газејќи врз идеалите на илјадници Македонци кои низ вековната борба за независност гинеле со единствен крик „за Македонија“ оваа провидна октроирана влада само за една намена, во една година ги предаде македонските национални и државни интереси. Заев во една година ги предаде македонските идеали за слобода од фашистичкиот окупатор, залагајќи се за брусилица врз спомен обележјата, паметниците, учебниците, историјата, медиумите“.

Заев, подвлече Стоилковски, јавно, гласно и недвосмислено, сосема го отвори патот за прифаќање на целосна измена на Уставот со бришење на се што значи Македонија и македонско од него.

-Заев ги наруши не само црвените линии во разговорите со Грција под покровителство на ООН, не само што го напушти го форматот на преговорите, туку и без било каква консултација или споделување на информација, целосно ги даде на послужавник националните и државните интереси и се што значат македонски вредности на оние националисти кои што го негираат македонското постоење. Во оваа година, Македонија загуби многу. Трпението на Република Македонија за ваква власт одамна е завршено. Мора веднаш да си заминат. Крајот им почнува во сабота, на втори јуни во 20 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This