March 28, 2024, 11:55 am

Стоилковски до Шилегов: Фатен си до гyша во kpиминал, утре сите ќе знаат дека градиш дивогpaдба на четири ката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов градоначалник на Скопје во заминување, на местото на својата семејна куќа во Карпош гради луксузна зграда, ама дивоградба, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Посочи дека на семејната зграда во Карпош, Шилегов на диво и додава цели два ката.

„Петре Шилегов гради дивоградба. Петре Шилегов прави страшен притисок врз медиумите да не ја слушнете вистината“, обвинува Стоилковски.

Како што соопшти Стоилковски, Шилегов, не одговорил на телефонските пораки и повици за да даде објаснување на нелегалната доградба.

„Петре Шилегов не им одговара на пораките и не им крева телефон на телевизиите за темата! Но, Петре Шилегов залудно ти е се! Фатен си до гуша во криминал! И утре приказната ќе продолжи! И пак сите до еден во Скопје ќе знае дека градиш дивоградба на четири ката“, порача тој.

Во врска со овој сканда, ВМРО-ДПМНЕ највави прес конференција на која, како што информираа од партијата, ќе бидат објавени дополнтелни детали. Прес конференцијата ќе се одржи 10.30 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This