СТОИЛКОВСКИ: Заев веднаш да одговори пред јавноста која е неговата поврзаност со рускиот бизнисмен Иван Савидис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И денеска останавме без одговори на прашањата на тема која што е многу омилена на криминогениот и однароден властодржец, а тоа е наводното руско влијание но само кога сака да го поврзи со отпорот кон македонското обезличување и редефинирање на државата а со тоа и креирање на нова политичка реалност со последици кои ги надминуваат границите на Република Македонија, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-И денеска јавноста не доби одговор од Зоран Заев дали власта има конекции со рускиот бизнисмен Иван Савидис кој што економски распослан низ соседна Грција и според пишувањата на тамошните медиуми има политичко влијание. За потсетување Премиерот Заев изјавуваше дека младинци во Република Македонија добивале пари од руски бизнисмени, за потоа од МВР да нема ниту збор за истрагата. Сега медиумите отворија уште еден можен скандал, повикувајќи се на извори во македонската царина. Заев сега се соочува со уште едно прашање: Дали минатата година против фирмата на Савидис била отворена, па по доаѓањето на актуелната власт во 2017 година била стопирана истрагата насочена кон „СЕКЕ“, истрага отворена од Царинската управа заради поврзаност на компанијата со фирми-ќерки во Грција и Бугарија кои во своите матични држави се под мониторинг на властите заради измама на доверителите и лажен стечај? Дали се точни наводите во медиумите дека истрагата се водела и поради сомнеж за финансирање на проруски политики на Балканот?, праша Стоилковски и додаде:

„Минатите два дена јавноста остана без одговор на пишувањата и сомнежите за можна релација на Заев и владата со рускиот бизнисмен, близок до Москва, а распослан низ Грција, Иван Савидис.

Притоа, нема одговор и за прашањата за тоа:

Дали и колку Савидис е економски присутен во Македонија?

Дали поранешен владин функционер од ЛДП сега е важен потписник во синџирот на Савидис?

Дали Заев знае чиј е хотелот во Солун, по негово Тесалоники, каде што оди на забава?

Дали знае дека Савидис е близок човек со Јанис Бутарис, солунскиот домаќин на Заев?

Колку е зголемен приходот на компанијата СЕКЕ од 2017 година?

Дали Заев во Крушево бил придружуван од Панајотис Теранидис, човек од доверба на Савидис?“.

Во име на транспарентноста, подвлече тој, во која што лажно се колне оваа власт, јавноста заслужува одговор на овие прашања.

-Доста со празни флоскули и лаги. Заев има сериозна обврска да одговори на поставените прашања по сите негови посочувања за странска интервенција против обезличувањето на народот и редефинирањето на Република Македонија. Во спротивно постои можност само да ги засили сомнежите кои упатуваат кон власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This