СТОИЛКОВСКИ: Зоран Евро Заев мора да престане да тргува со македонското достоинство и државните интереси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија посочи – Зоран Евро Заев мора да престане да тргува со македонското достоинство и државните интереси! Пораката на народот е јасна: Зоран Евро Заев, не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не ти се плаши! Македонците не ти се плашат – рече Стоилковски

Сите притисоци, сите закани, уцени, репресија, прогон, сето политичко мотивирано замолкнување на народот, на опозицијата, на политичките неистомисленици од октроираната власт за една намена, не успеаја да ја замолкнат Македонија. Зоран Евро Заев, Македонија и’ порача „НЕ“, на оваа твоја „ЌЕ“ Влада! Македонија го покажа својот пркос и покрај прогонот на патриотите. Македонија покажа дигната глава пред Судот на Зоран Евро Заев. Македонија се крева, Македонија дојде да ја земе својата иднина од рацете на Зоран Евро Заев!

Ова денеска го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски додавајќи дека Македонија покажа оти е против погубните политики на вештачката кованица на власт на Заев. Според него, Македонија порача дека е против економските „Ќе“ лаги на Зоран Евро Заев.

– Македонија посочи – Зоран Евро Заев мора да престане да тргува со македонското достоинство и државните интереси! Пораката на народот е јасна: Зоран Евро Заев, не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не ти се плаши! Македонците не ти се плашат. Кога е во прашање Македонија, Македонците не чувствуваат страв и нема предавање. Зоране Евро Заев, единствената свиткана кичма – е твојата, ти ја свитка народот во саботата. Прочитани сте. Залудни се заканувачките пораки испратени од органите на репресија на Зоран Евро Заев. Залудни се заканите за бркање од работа, за одземање на парчето леб, за оставање на улица. Народот виде дека Зоран Евро Заев обезбедува корка леб само за своите советници. На народот и онака му порачавте, сиромашни сте, не сте наша грижа, рече Стоилковски на денешната прес-конфренција.

Вели дека е срамно раководителите поставени од СДСМ да праќаат јавни пораки дека „требало сите да бидат истерани од работа“ затоа што искажале револт.

-Срамно е лица што земаат пари од граѓаните како раководителката од Македонски пошти, која е фотографирана со Петре Шилегов и Андреј Жерновски, да бара да бидат истерани од работа, да останеле без корка леб, сите оние кои останале да работат, а протестирале против политиките на власта? Срамно е што бараат партиските послушници на СДСМ поставени во институциите. Тие сакаат да се смени законот за државни службеници, бидејќи на тој начин цитирам „многу едноставно и легално ќе ги исчистеле институциите од плукачите“? Размислуваш ли Зоране Евро Заев да го озакониш масовното „јадење живи луѓе“ кое што го спроведуваш онаму каде можеш?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Му прача на Заев дека е срамно и незамисливо што полициските пулени плукаат врз народот.

-Полициските службеници во полицијата што ја реформираш ти, вон сите професионални и етички норми, ги навредуваа и потценуваа луѓето чија безбедност и благосостојба, треба да му се на прво место. На таква ли професионализација мислевте. Односот на СДСМ кон народот го покажуваат функционери и пратеници сосе нивните семејства. Ако пратеничката Мира Стојчевска не се грижи како ќе влијае високата акциза за дизелот врз сиромашните, за нејзинот син, на протестот присуствувале „хибернирани кретени“, и била „излеана фекална канализација“ по улиците на Скопје. Ова е сликата за демократијата на Зоран Евро Заев. За ова ли е добиена „кристално чиста препорака“, по „срушен режим“. За Кристалот – Зоран Евро Заев веќе доби Нон пејпер од Европа. За срушеното – народот во саботата му испрати лична порака, рече Стоилковски.

На премиерот Заев му порача да го распушти, како што рече, Министерството за вистина, бидејќи народот повеќе не му верува. Одговорност за ваквите испади, рече Стоилковски, мора да има и ќе има кога ќе си замине криминалниот картел и ќе се врати правната држава во Република Македонија. На Заев му порача дека Македонија тргна по своето.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This