СТОИЛКОВСКИ: СДСМ и Заев добиле само една кандидатура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На понудата од Заев и од СДСМ за поддршка на изборите за иден претседател на државата пристигнала само една понуда, една кандидатура. Замислете само една кандидатура за поддршка од Заев и од СДС за следните претседателски избори, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Само еден човек, амбасадор, со сета чесност, поверувал во лагите испорачани од овој антидржавен центар зад мене. И сега и него ќе го извисат, ќе му стават петно, тој ќе извиси заради заевизмот. Ќе мора да извиси, како што ќе извисат и членството, и симпатизерите и неколкумина чесни во партиските тела на СДС. Наместо избор на кандидат за претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција.

„Бараат и веројатно ќе изнајдат некој поддржувач на заевизмот, ќе го поттурат како кандидат, но не за претседател на Република Македонија, туку за заштитник на заевизмот, заштитник на криминални тендери, заштитник на антидржавни и противуставни закони. Заштитник на пропаднатата владина коалиција“, рече Стоилковски.

Тој  истакна дека Гордана Силјановска-Давкова е следниот претседател, а честита Македонија е победник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This