Стоилов: Ќе играме машки, нема да разочараме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските ракометари вчера попладне го одработеа вториот тренинг во Мец, а прв во „Мец Арената“ во која од денес стартуваат натпреварите од Б групата на 25.Светско првенство.

stoilov-640x314

Петтиот настап на ракометните мундијали, македонската репрезентација го започнува денеска во (17.45 ч.) со дуелот против селекцијата на Тунис, стар должник од ланските олимписки квалификации. Токму тој меч и поразот во Гдањск е мотив повеќе за македонските ракометари овој пат да се одигра „машки“, вели Стојанче Стоилов.

– Последниот натпревар против Тунис мина лошо и не баш како што се надевавме, па тие ни се големи должници. Се надевам дека ќе успееме да им се одмаздиме за тој меч во Гдањск и нема да разочараме утре попладне. Можеме без притисок и без дополнителен набој да почнеме со триумф. Лошо изгледавме на последниот натпревар против Тунис, но на натпреварите на големите приредби секогаш влегуваме поеуфорично. Ќе играме борбено и ќе покажеме дека нема предавање со никој ривал, изјави Стоилов.

Македонската репрезентација ќе има подршка од неколку стотини навивачи бидејќи во Мец веќе е пристигната една помала група, а голем број наши сонародници од западна Европа утре на денот на натпреварот ќе дојдат во ова мало гратче на германско-француска граница да навиваат за нашата репрезентација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This