April 18, 2024, 12:52 pm

СТОИЉКОВИЌ: По референдумот Џафери да не се однесува каубојски во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот со Грција го уништува македонскиот идентитет и јазик. Го уништува токму тоа што власта вели дека се гарантира, со истиот, а тоа е македонскиот идентитет и јазик, рече Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија гостувајќи на телевизија 24.

Според него референдумот на крај нема да биде успешен и тоа е многу важен аспект. Бидејќи како што рече за ова говори расположението на граѓаните.

-Нема да излезат тие 900 илјади и нешто за да има цензус и референдумот нема да биде успешен. Ама каков и да е резултатот јасно е дека Заев ќе излезе и ќе рече успешен е, ќе честита. Но, на јавноста многу добро и се познати овие приказни, кој кого лаже. На народот јасна му е и ја знае целокупната политичка состојба во земјава, рече Стоиљковиќ.

Тој предупреди и дека власта и првите луѓе во Собранието ќе мора да ја почитуваат правната процедура потоа, предупредувајќи на низата пропусти кои ги имало досега во законодавниот дом.

-Процесот на промена предвидува неколку фази или 4-5 месеци ќе трае се според проценките. Нема да може да има претрчување на фазите. Мора да ги почитувате елементрани демократски процедури, а не Џафери каубојски да се однесува и понатаму, тоа треба да го заборавите, порача Стоиљковиќ.

Според него ако се пропушти или ако се спречи некаков демократски процес ќе се направи сериозна грешка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This