СТОЛЕ ТИ СИ НАША ИКОНА , СКАНДИРАА ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ: Голем дел од нив не се Македонци, ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат-си беше еден Вардар, во една Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Столе ти си наша икона“, скандираа илјадници граѓани кои се присутни на скопскиот плоштад „Македонија“, надвикувајќи го водителот кој ги пречека ракометарите на Вардар кои пристигнаа во центарот на градот.

Прв пред собраните граѓани се обрати капитенот Стојанче Стоилов. Насобраните граѓани во транс го повторуваа неговото име. Горостасниот Столе, иконата на Вардар им порача на Македонците дека ракометарите се најголемите амбасадори на нашата земја.

Вторпат кажувам, скопски Вардар – европски првак! Овие овде позади мене, овие се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел од нив не се Македонци, ќе си одат во нивините држави и ќе кажуваат: си беше еден Вардар, во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од кариерите ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија!, изјави Стоилов пред насобраната толпа граѓани кои со часовите ги чекаат македонските херои да пристигнат во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This