April 25, 2024, 10:17 pm

Столтенберг: НАТО е на страната на Украинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО е на страната на Украина, сојузниците ѝ даваат поддршка за Украина да може да си ја обезбеди својата безбедност, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг. Тој додаде дека 30 членки на тој сојуз одлучуваат за членството на Украина во НАТО и дека Русија нема право да се меша во тој процес.

„Поддршката на НАТО за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е непоколеблива. Ние не ја признаваме незаконската анексија на Крим. Ние продолжуваме да ја повикуваме Русија да престане да ги поддржува борците во источна Украина и да ги повлече своите сили од територијата на Украина“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб.
Говорејќи за поддршката на Алијансата, Столтенберг укажа на помошта во зајакнувањето на потенцијалот на вооружените сили на Украина.

Кога станува збор за потенцијалното членство на Украина во НАТО, тој рече дека одлуката за тоа ја донесуваат 30 членки и дека Русија не треба да се меша во тоа прашање.

Според него, суверена држава има право да аплицира за членство.

„Големите земји не можат да им диктираат на другите што да прават. Тоа е свет што сакаме да го напуштиме во минатото. Ние ги поддржуваме напорите на Украина насочени кон модернизација и реформи, а реформите се најдобриот начин да се оди напред во рамките на евроатлантските интеграции“, рече генералниот секретар на Алијансата.
Тој рече дека Русија не може да одлучува наместо другите земји во областа на безбедноста, а тоа се однесува и на членството во НАТО.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова неодамна предупреди дека членството на Украина во НАТО носи опасност од голема ескалација на југоистокот и може да доведе до неповратни последици за украинската државност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This