СТОЛТЕНБЕРГ ПРИЗНАВА: Во НАТО повеќе нема единство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека единството во трансатлантската алијанса е загрозено од несогласувањата помеѓу САД и Европа.

“Постојат вистински разлики меѓу САД и другите сојузници за прашања како што е трговијата, климатските промени и иранскиот нуклеарен договор”, изјави Столтенберг, а пренесе британскиот “Гардијан”. “Овие несогласувања се реални и нема да исчезнат преку ноќ”.

Генералниот секретар на НАТО вели дека ништо не е “поставено во камен” и дека трансатлантскиот договор успешно се развива, но тоа не значи дека распадот е неизбежен.

Според генералниот секретар, сите членки на НАТО треба да работат за да се избегне раскол во единството на Алијансата.

Столтенберг, рече дека и покрај несогласувањата за многу прашања, САД ја зајакна својата посветеност на европската безбедност. По доаѓањето на Трамп на власт, САД го финансираше своето воено присуство во Европа од 40 отсто.

Изјавата на Столтенберг се должи на несогласувањата со кои се соочуваат членките на НАТО. Особено, во понеделникот, претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Европа има направено “голема грешка” со својата политика на миграција и дека поради тоа германскиот народ се сврте против своето раководство..

“Гардијан” вели дека од 29 земји, само осум , вклучувајќи ги Велика Британија и САД трошат повеќе од 2 отсто од својот БДП за одбрана. На самитот на НАТО во 2014 година, беше одлучено дека во иднина сите членки на Алијансата мора да ги зголемат нивните трошоци за одбраната на 2 проценти од БДП. Претседателот на САД, Доналд Трамп во неколку наврати ги повика партнерите на НАТО да се придржуваат до овие договори, заканувајќи се дека ќе ја намали американското учество во заеднички програми за да се осигура безбедноста на земјите-членки на Алијансата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This