СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА: Мерките на Владата итно да се продолжат за уште два месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мерките на Владата итно да се продолжат за уште два месеци – побара Сојузот на стопански комори. Фирмите не можеле финансиски да ја издржат продолжената коронакриза. Претседателката на ССК, Данела Арсовска вели дека на компаниите им треба државна помош по работник од 14.500 денари за исплата на плати и во јуни и јули, но смета дека е неопходно да продолжат и другите мерки.

„Неопходно е и продолжување на сите мерки за одложување на побарувањата по основ на даночни аконтации, кредити, како и на казнени и затезни камати до крајот на годината“ – вели Арсовска.

Дури 80% од компаниите претрпеле огромни штети и се сериозно засегнати од коронакризата – велат од ССК. И тие што ги отвориле објектите, работеле со намален капацитет, ретко кој имал купувачи, па не можеле да ги покријат ниту најосновните трошоци.

Од ССК веќе ги доставиле барањата до Владата. Министерката за финансии во неколку наврати не одговори конкретно дали Владата го разгледува барањето на бизнисот за продолжување на мерката за исплата на плати. Само напомена дека кога се кроел ребалансот на буџетот се оставил простор за продолжување на старите или за воведување на нови мерки. За потсетување, исплатата на плати ја нема во последниот трет сет мерки. Ангеловска е задоволна од мерката за април и покрај тоа што ја искористија едвај 19 илјади фирми за 127 илјади вработени од очекуваните 35 илјади компании за 250 илјади работници, како што беше претходно најавено .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This