СТОПАНСТВОТО ЌЕ ПОЧЕКА ЗА НАПЛАТА НА ДOЛГOBИTE: Парите за долговите на општините се уште не распределени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15 ноември владата одвои 55 милиони евра за покривање на 50% од долговите на општините во Р.Македонија. До денес само пет општини ги исплатиле овие средства на фирмите кои работеле за локалната самоуправа, а им се должи повеќе години.

Ова уште еднаш ја потврдува неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери и неефикасноста во управувањето со финансиите.

Воопшто владата и локалната самоуправа не се свесни колкава штета и прават на македонската економија што овие 55 милиони евра повеќе од три ипол месеци (повеќе од еден квартал) не ги исплаќаат на илјадници компании кои мака мачат да платат даноци, да обезбедат плати за своите вработени и да се борат со конкуренцијата.

Ова е уште една потврда покрај ниското ниво на искористени капитални инвестиции во 2018-та, а и само 1% нивна искористеност во првите два месеци од 2019-та дека управувањето со јавните финансии е слаба страна на СДСМ. Впрочем и експертите оценуваат дека ниското ниво на искористеност на капталните инвестиции, големите даночни оптоварувања, политичките тензии и лошата бизнис клима се главните причини за стагнацијата на македонското стопанство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This