April 23, 2024, 10:56 am

СТОПИРАНА ИЗГРАДБАТА НА ВИСОКОЕФИКАСНИТЕ ФАСАДИ: Петре Шилегов стопирал изградба на енергетско ефикасни фасади на 95 објекти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, започна да спроведува чекори кои воопшто не наликуваат на животот кој го вети во предизборната кампања. Разубавувањето на главниот град и ставањето акцент на историското минато на Македонија во Скопје која го спроведуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно им пречи на новите функционери од СДСМ.

Шилегов со усмена наредба ја стопираше изградбата на фасадите низ Скопје кои што се реновираа по налог на неговиот претходник Коце Трајановски.

Стопирана е изградбата на 95 фасади во центарот на градот опфатени во проектот „Скопје 2014“, меѓу кои и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома Бјанка“, кај кои што веќе се одвиваат градежни работи.

„Дадов усна наредба да се стопираат сите фасади. Станува збор за 95 објекти. За оваа намена биле предвидени околу 90 милиони денари, пари од граѓаните кои ќе бидат заштедени“, изјавил Шилегов за сакамдакажам.мк.

Притоа, Шилегов не ги земал во предвид бенефитите од новите фасади кои имаат висока термоизолациона вредност и на граѓаните и бизнисите сместени во тие згради ќе им пружат директна заштита на електрична и топлинска енергија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This