СТОПЛИ СРЦЕ, ПОМОГНИ: Сто денари за девојче оперирано од тумop – сите можеме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Фејсбук групата „Стопли срце“ споделена е информација за 15-годишно девојче кое пред неколколку дена е оперирано од тумop, но во исто време откриен му е нов тумop и не се знае пред каква битка допрва ќе биде исправено.

Девојчето уште не знае од што боледува… Следуваат испитувања со пcиxиjaтap и детски пcихoлoг, за бopбата која и претстои… На 15 години наместо да ужива во тинејџерството, ќе ја започне најтешката бopбa – борба за живот! На само 15 години!!! Родителите избезумени, збунети, без пари, еден вработен, а долга борба… Во наредниов период ќе биде потребна специјална исхрана и витамини, која чини. Луѓето едвај крај со крај врзуваат.
Ни се обратија за помош, со надеж дека ќе може да им го стоплиме срцето и да им помогнеме, да можат да го запазат и финансиски издржат посебниот начин на исхрана, пишува во постот.

Сто денари за шанса
Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK
Телефон за донации 143444 ( за Телеком корисници)

Нагласено е дека акцијата ќе трае кратко, за да се соберат минимални средства за тековната исхрана и трошоци…

Да помогнеме да обезбедат лекови, витамини и основни намирници за посебна исхрана, патот до Скопје, по болници… Да им помогнеме колку можеме во оваа тешка битка која допрва почнува.

Држи се малечка, не имаш нас, со тебе сме ❤

Бројот за донации на здружението Стопли Срце во моментов го наменуваме за малечката хероина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This