Стотици мигрaнти во Бих спијат во автобуси откако си го зaпaлија кампот во кој престојуваа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотиците мигранти ја поминаа ноќта во автобуси во близина на кампот Липа кај Бихаќ, во Босна и Херцеговина. Како што пишуваат босанските медиуми, речиси 700 мигранти ноќта ја поминале во 20 автобуси кои тргнале кон касарната на Брадина, место на северот на општината Коњиќ, но набргу биле запрени бидејќи немало конкретен план за нивно пренесување.

Од локалната полиција изјавиле дека полициските службеници биле на терен цела ноќ и ја обезбедувале локацијата каде што минувале мигрантите.

Во текот на денот очекуваме дека овој проблем ќе биде решен и дека ќе добиеме конкретни информации, подготвени сме да заминеме, само чекаме одобрување – велат од босанското МВР.

Кампот Липа беше запален и оттогаш не се знае каде ќе бидат сместени мигрантите.

Тие првично требаше да бидат преместени во просториите на поранешна фабрика, но на ова се спротивставија граѓаните на Бихаќ и локалните власти.

Истото се случи и со жителите и властите на Брадина кога дознаа дека планот е мигрантите да бидат сместени во касарната во нивниот град. Тие со протест порачаа дека е неприфатливо за нив да се сместат голем број мигранти во близина на нивните домови.

Ситуацијата во врска со бегалците е доказ за немоќта на ЕУ, а во Босна и Херцеговина е трагична. Трагично е да се гледа третманот со луѓето – вели генералниот секретар на австрискиот Црвен крст, Михаел Оприсниг

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This