СТОТИЦИ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО, УЦЕНИ И ПРИТИСОК: Граѓаните да не подлегнуваат на притисоци- за сите изборни документирани насилства и уцени одговорност ќе мора да има!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Република Македонија и понатаму се случуваат едни избори во кои што се загрозени основните демократски процеси и со кои што директно се врши влијание на изборната волја на гласачите. Ова се избори каде што сеуште со сеење и со закани се атакува на ограничувањето на основното право на граѓанинот, а тоа е правото на слободен избор. Притоа не е страшно што ова се случува скоро во сите општини каде што ќе има втор круг на гласање, туку поопасно е што нема ниту заштита од државните институции, а многу државни институции се дел од овој процес на вршење притисок врз граѓаните, истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

 

-Тоа што беше слика за изборите во предизборието пред првиот круг, сега се пресликува и продолжува со зголемен интензитет секој ден, се посилно да се врши притисок врз гласачите. Институциите наместо да го спречат ваквиот притисок врз гласачите, министерството за внатрешни работи, труд и социјала, министерството за земјоделие, други агенции стануваат дел од притисокот врз гласачите. Нема општина која што влегла во вториот круг на гласање, а да не се следени активистите на ВМРО-ДПМНЕ на Коалицијата „За подобра Македонија“, кандидатите за градоначалници или нивни соработници, или претседатели на општински комитети, рече Милошоски и наброја неколку примери:

„На пример, во општина Росоман десетина наши активисти се следени, на дневна основа, истите пријавиле уредно во полиција дека се следени и дека им се закануваат, пријавиле со име и презиме кои луѓе им се закануваат, но полицијата не реагира. На денот на избори во недела кандидатот и претседател на ОО на СДС биле пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта била да се испровоцира инцидент, создавана е тензија, испратени се навреди, провокации, нашите активисти пријавиле во полицијата, но нема никаква интервенција сеуште. Присебноста на дел од луѓето овозможило она што се случувало во Росоман, акцијата за предизвикување на инцидент пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ да не прерасне во поголем конфликт.

Во Гази Баба постојано ни пристигнуваат информации дека има масовен поткуп од страна на активисти на СДС. Во селото Виниче и во селото Булачани активисти на СДС вршат поткуп со делење на дрва за огрев. Додека едно лице, познат активист на СДС од Јурумлери, два дена по ред, отворено нуди и дава поткуп кај дел од населението во одредени парични суми. Медиумите го објавија неговото име на ова лице од Јурумлери, но ниту полицијата, ниту обвинителството, ниту ДИК досега се имаат изјаснето ниту пак истото го повика на информативен разговор.

Во населеното место Инџиково вработени од платежната агенција одат и лажно  ветуваат  дека за 50% поевтино ќе може да се набави механизација ако за возрат одреден земјоделец и неговото семејство гласаат за кандидатот на СДС. Ова е отворен притисок и силен притисок кон гласачите за менување на нивната изборна волја или за оневозможување за слободно изјаснување.

На кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, господинот Тони Трајковски постојано му се следи движењето од цивилно возило во кое што сметаме дека има вклучено и луѓе кои што припаѓаат на единицата Алфи.

Полицијата се става во заштита на сите активисти на СДС и во општина Виница, каде што на денот на изборите припадници на МВР влегувале во домовите на луѓето во ромското мало, ги легитимирале граѓаните и барале лични карти. Истите вакви злоупотреби се евидентирани и во ромското маало во Штип. Пријавени се во МВР овие луѓе и овие активисти и ваквите притисоци, но никаков извештај ниту реакција од МВР нема. Напротив МВР станува дел од механизмот преку кој што СДС врши притисок кај одредени гласачи.

Таму има случај на поткуп, во општина Штип каде што активисти на СДС нуделе пари на други граѓани кои што истите ги одбиле и случајот го пријавиле во полицијата. Но по случајот ниту не е постапено, ниту пак е евидентирана  ваквата пријава за обид за поткуп во полицискиот билтен, иако е наведена пријавата со име и со презиме.

Во населбата Три Чешми во Штип, населението кажува дека секој ден доаѓаат луѓе од СДС и нудат пари, а тарифата се движи од 1.000 до 3.000 денари за глас за кандидатот за СДС.

Во општина Демир Капија активисти на СДС со познати досиеја на полицијата за одредени злоупотреби во минатото им се закануваат на граѓаните со насилство, со физички повреди, само затоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ бил во посета на едно домаќинство. За ова видовме и едно сведоштво на повозрасен брачен пар, кое што беше објавено во медиумите. Полицијата, МВР повторно не реагира и се става во заштита на оние кои што во името на СДС вршат притисоци врз граѓаните.

Во општина Новаци раководството на РЕК Битола врши притисок врз вработените со цел истите за да ги зачуваат своите работни места во РЕК Битола да мораат да гласаат за СДС, во спротивно ќе бидат ставени на список за бркање од работа. А притисок има и се врши и  врз вработени од Кавадарци и во Кавадарци, каде што вработените во општа болница и во пограничната полиција добиваат закани да не излегуваат на гласање и директно добиваат јавувања од штабот на СДС во Кавадарци, во спротивно им се ставаат отворени закани до знаење дека би го изгубиле работното место. Во општина Пробиштип вработените во јавната администрација и во подрачните единици на неколку министерствата се повикуваат од директорите или од ново поставените началници каде што директно им се врши притисок или да гласаат за СДС или да не излегуваат на гласање доколку сакаат да немаат проблеми на работното место во иднина.

Во општина Македонска Каменица се врши силен притисок врз менаџментот на рудниците да ги убедуваат своите вработени да не излегуваат на гласање на денот на изборите, или да гласаат против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ доколку сакаат да ги зачуваат своите работни места.

Во општина Прилеп постои и видео снимка, која што заради од страв од реваншизам се споделува само на социјални мрежи и на која има сведоштво на луѓе од СДС кои признаваат дека го следеле градоначалникот Марјан Ристески. Веднаш откако ќе посетел некои домаќинства, активистите на СДС доаѓале, и имале два методи, или поткуп со пари, да ги предомислат тие како да гласаат или доколку се одбие тој начин, се преминува на притисоци и закани. Поради заштита на идентитетот на личноста нема да објавуваме вакви снимки. Но сепак истата претставува значаен доказ во методологијата како активисти на СДС со поддршка од МВР и други државни институции прават притисок на граѓаните и оневозможуваат слободно изразување на изборната волја.

Во општина Бутел забележано е исто така поткупување, нудење на пари, или други материјални средства, а на терен добиваме информации за тесна соработка на одредени луѓе со криминални досиеја од Косово со партиски структури на СДС во општина Бутел“.

Ова, подвлече Милошоски, е дел од сликата која што е карактеристика за овие избори.

-Додека сето ова се случува, за жал имаме и еден гласен молк и игнорирање од набљудувачките мисии ОБСЕ и ОДИХР. Ние сметаме дека ОБСЕ и ОДИХР мора поактивно да вложат напори и да бидат вистински набљудувачи и да ги осудат сите вакви појави на закани, изборна корупција и на изборен  инженеринг. Во Македонија се случува изборно недемократско однесување на голем дел од активистите од СДС на голем од државните институции што им служат како покритие, а крајната цел на сето ова е креирање на една нова реалност во која што полесно или без поголеми забелешки ќе се протуркаат одредени решенија кои се штетни за Македонија и македонскиот народ на кои што господинот Заев претходно веќе се обврзал. Демократијата со овие избори не е унапредена туку е уназадена, институциите не се департизирани и нема разлика помеѓу државата и партијата, туку гледаме дека државните институции делуваат во корист на една партија, истакна Милошоски и додаде:

„Нашиот апел е граѓаните да си ја заштитат државата, граѓаните да ја одбранат демократијата и граѓаните да не подлегнуваат на притисоци за кого ќе го дадат својот глас. Сите оние кои што со поткуп, со закани или со криминал се обидуваат да влијаат на нивната волја им треба да знаат дека граѓанинот има суверено, загарантирано право зад избирачката кутија да ја својата волја. За сите вакви изборни документирани насилства, закани, притисоци или уцени одговорност ќе мора да има“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This