СТОЈАНОВСКИ: Единствено што Наумовски направи е задолжување на општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нeработењето и нeгрижата се основна карактеристика на владеењето на СДСМ, како на локално така и на централно ниво, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Родителите мака мaчат да си ги зaпишат во градинка своите деца, а градоначалникот на општина Ѓорче Петров и ресорната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска ич не им е гaјле. Пред неполни две години сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својата предизборна програма ветуваше изградба на нова детска во Волково, токму тука на ова место, проширување на капацитетите на постојната градинка во Димитар Поп Георгиев- Беровски и реконструкција на детската градинка во Дексион. Но и по две години од преземање на неговата функција граѓаните од ова населено место не добија ништо од ветеното, рече Стојановски.

Стојановски истакна дека единствено нешто што направи оваа ненародна власт e што при ребаланс на буџетот континуирано ги крати средствата за изградба на градинки.

-Наумоски ја задолжи општината за 14.5 милиони денари, а нема во план да ја изгради градинката во Волково која им ја вети на граѓаните. СДСМ и Наумоски не само што не прават ништо на планот згpижување на деца во градинка, туку се нeспособни и проектите кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ со обeзбедени финансии како завршување на фeкалната канализација и асфалтирање на над 35 улици да ги завршат. На Република Македонија и се потребни промени. Промени кои ќе придонесат за доброто на граѓаните. Затоа за сите овие ненародни политики кои граѓаните ги чувствуваат, Наумоски и Царовска треба да си поднесат одговорност, потенцираше Стојановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This