Стојаноска: Уште малку останува, кога ќе се разбудиме мирни, спокојни и со вратена надеж за подобра иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште малку останува, кога ќе се разбудиме мирни, спокојни и со вратена надеж за подобра иднина. Ова го чекавме. За ова останавме и не потклекнавме. За ова останавме и ги издржавме сите предизвици и притисоци. За ова останавме и ќе останеме – најголемиот пркос во македонската три и повеќегодишна голгота, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Дафина Стојаноска, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица.

Некои не‘ обвинуваа, некои не ни веруваа, некои се откажаа, некои се‘ уште не веруваат.

Да ставиме крај на нивниот промашен пат. Да ставиме точка на нивните срамни политичари и политики. Да завршиме со корупцијата и криминалот во првите редови на власта. Да престанеме да прифаќаме дека нормално е политичарот да биде недостапен, арогантен, најпаметен и неприкосновен. Да не се помириме со новата ненормалност на Заеви и компанија.

Да се вратиме на традицијата и корените, да не ја даваме историјата на прекројување, да работиме на силна економија, на воведување на ефикасно право за сите, како и еднаквост на сите пред правдата и законите. Да се заложиме за квалитетно образование, во кое ќе се врати угледот на вредниот професор, но и образование кое ќе создава вредни кадри. Да докажеме дека не сме сите исти и дека има луѓе кои застануваат цврсто позади обновата на својата татковина и нема да отстапат за ништо и заради никого. Ниту за својот сопартиец, ниту за својата фамилија, ниту за најдобриот пријател.

Време е за обнова, ама најпрво на самите себе. Време е за покажување на личен пример. Време е за обнова, а не за исти лаги и исти луѓе. ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за обнова.

Време е власта да се врати кај луѓето кои нема да ви го кажуваат она што сакате да го слушнете, туку она што е реалност и вистина. Некогаш реалноста е болна и тешка, а вистината боли. Но, многу е подобро што побрзо да се соочиш со вистината, отколку да останеш да живееш во лаги, посебно не во истите лаги, и тоа со истите луѓе.

Време е за нови проекти и мерки, а не за ваучери кои се делат од нашите пари и заради кои Македонија е на работ на сиромаштијата. Македонија повторно стана земја на ваучери и бонови, земја на затворени фабрики и омаловажени пензионери, земјоделци и доктори, студенти и средношколци.
Македонија стана земја во која Уставот е послаб од рекетот, а законите се послаби од тендерите.

Затоа, доаѓа обновата која вие ќе ја изгласате на 15-ти јули.
Доаѓа обновата која вие ќе ја изгласате со заокружување на бројот 14.
Обновата, чии носители сме сите ние.
Обнова, а не измами.
Обнова за исправена Македонија, пишува Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This