March 28, 2024, 12:08 pm

Стојаноска: “Heлoгичнo e ceдницитe нa Coбpaниeтo дa ce oдвивaaт oнлajн, тoa e спpoтивнo нa Уcтaв”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во своето гостување во емисијата „25 минути“ на телевизија 24 зборуваше за одржување на онлајн седници во Собранието и посочи дека пратениците мора седниците да ги одржуваат со физичко присуство, а не онлајн како што бара власта.

-Не се гледам привилегирана, а тоа го мислат и пратениците од нашата пратеничка група и сепак мислам дека додека функционираат и оснататите институции како фабрики, образование, болници, што ќе се случи ако лекарите се откажат од работа. Навистина е нелогично седниците на Парламентот и сите останати други седници, не станува збор само за пленарни седници туку се и седници на парламентарните комисии, има кои се одбиваат позади камерата да се одвиваат онлајн. Затоа сметам дека без присуство на пратениците во парламентарната зграда во Собранието сметам дека апсолутно не би било она што би била наша задача и должност по Устав и по Деловник на Собрание, а тоа е нашето присуство и нашето активно учество во носење одлуки и во искажување на ставови и тоа е секако најдобро преку вклучување на јавноста и секако со нашето присуство во самата зграда на Парламентот, истакна таа.

Стојаноска во своето гостување рече дека во Уставот јасно пишува „присуство“ и според неа тоа е терминот кој власта сака да го измени и подоцна да го злоупотребат бидејќи присуство значи доаѓање во Парламент.

Пратенитчката Стојаноска зборуваше и за Законот за справување со заразни болести и рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ би го гласала тој закон доколку биде се во ред и доколку биде разумен предлог и се согласуваат со она што ќе им биде предложено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This