April 19, 2024, 11:32 am

СТОЈАНОСКИ: СЈО потроши 4 милиони евра народни пари за да работи на политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО продолжува да работи под диктат на СДС и да ја копира матичната партија СДС кога се работи за неодговорноста, нетранспарентност и кадровската непотистичко партиска политика, изјави денес Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СЈО потроши 4 милиони евра народни пари за да работи на политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. СЈО потроши 4 милиони евраза да вдоми партиски војници од СДС, деца на партиски функционери, внуци и роднини. Сега без срам отвораат нов оглас со кој ќе ангажираат за огромни хонорари и плати повторно уште некој внук или ќерка, шарен револуционер или твитер лик, вели Стојаноски.

Тој посочува дека иако се фалат со транспарентност тие се во суштина нетранспарентни и неотчетни затоа што не се потрудија да дадат одговор на јавноста за сериозните основи на сомение дека и со овој оглас повторно ќе вработат роднини, внуци, партиски активисти, комичари, твитерџии или пак новинари.

-Овие лица на сметка на народот ќе работат по диктат на Зоран Заев и ќе штанцаат политички обвиненија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека овие 30 новоангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката во која немаат ниту еден правен аргумент, туку само директива да ја дефокусираат јавноста од погрешните политики, од продавањето на државните и национални интерси, од погрешните и штетни политики. Но она што е најболно е дека ќе продолжат да трошат народни пари за сопствен комодитет, хир, страсти и луксузирања, истакнува Стојаноски.

Ниту 300 нови вработувања во СЈО, вели тој, нема да можат да го покријат срамот од партизираноста и расфрлањето со пари на оваа институција.

-Ниту 300 нови вработувања во СЈО нема да може да им помогнат да направат едно издржано обвинение од проста причина што немаат правни аргументи, а уште помалку правна основа за тоа. Граѓаните од СЈО не гледаат способност и објективност. Тие од оваа партиска испостава гледаат само непотизам, неспособност и целосна партиска инструираност. Затоа ќе има ревидирање на целиот политички прогон кој го прави СЈО и СДС, и правно и историски, посочува Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This