СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СЕ ПИШМАНИ: Ангелов си оди од МВР за да се реактивира во „Достоинство“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стојанче Ангелов ќе го напушти работното место во Министерството за внатрешни работи за да се врати во својата партија Достоинство. Вели дека во овој пресвртен момент за Македонија, чувствува обврска политички да се реактивира.

-Како претседател во оставка на политичката партија ДОСТОИНСТВО, во овој исклучително значаен, чувствителен и пресвртен момент за нашата татковина, момент од кој зависи нејзината иднина како единствена држава на Македонците и на сите останати нејзини граѓани, држава за која се борев, држава за која крварев, држава за која сеуште се борам, овојпат со политички средства и методи, чувствувам обврска за мое политичко реактивирање. Бидејки Законот за полиција им забранува на полициските службници да раководат со политичка партија, во договор со раководството на ДОСТОИНСТВО одлучив да излезам надвор од МВР и мојата професионална кариера да ја продолжам на друго работно место кое нема да биде во судир со мојот планиран политички ангажман.
Му благодарам на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата една година, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This