April 20, 2024, 10:30 am

СТОЈАН АНДОВ ВМЕШАН ВО БИЗНИСИТЕ НА АНДРЕЈА ЈОСИФОВСКИ: Дали Јосифовски е над законот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија, иако мала балканска земја, која навидум на регионалната и глобалната јавност и познавање, не е доволнo силна да се претставува себеси како држава каде што големи бизнисмени оперираат со големи суми на пари, доволно да купат и генерираат влијание врз 2 милионска популација, најмалку. Сепак, ова најверојатно е точно, со тоа што во Македонија се наоѓаат неколку од најбогатите бизнис фигури во регионот, како на пример Андреја Јосифовски, кој е еден од најозлогласените македонски бизнисмени во моментот, каде што самиот се наоѓа во средината на голем скандал за наводни криминали во Макпетрол и неколку други компании, и тоа во време на преземањето на Макпетрол од страна на БПХЛ и новите странски инвеститори.

Andrea_STojan

Во минатото, и дури и денес, јавна тајна е и дел од неа се добро познати и докажани факти, дека тој има заработено богатство додека е на врвот на менаџментот на Макпетрол и во нафтениот бизнис во последните 20 години во најмала рака. Сепак, како е можно, ниедна институција да не била доволно храбра до сега да ја истражи оперативната работа на неговиот менаџмент? Врската помеѓу менаџментот на Макпетрол и своите вработени била ништо друго туку ужасна, со тоа што постојано се појавуваат безброј неофицијални анонимни искази од внатрешните кругови на вработените во Макпетрол, дека постои голема доза на непотизам и мобинг во компанијата, но бидејќи се исплашени од менаџментот, тие биле и сè уште се плашат да ги кажат јавно своите имиња и да зборуваат јавно на оваа тема. Дали Јосифовски е толку над законот што никој не се охрабрува и одлучува да оди против него? Зошто, кога тој е само бизнисмен со многу добро испреплетено влијание во бизнис круговите, но со надеж дека истото не е раширено и во државните институции кои треба секогаш да се на страната на народот. Или дали се?

На крајот на март 2013 година, на 28ми март, на седница на собрание на КХВ, беше одлучено за преземањето на QBE Македонија. Наредниот ден, македонските медиуми ја информираа јавноста дека QBE Македонија е преземена од австриската компанија Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe. Она кое што не беше спомнато тогаш е дека Андреја Јосифовски бил претседател на управниот одбор на QBE Македонија според извештајот за 2010 година од Националото Биро за Осигурување на Македонија, пред VIG да ја преземе осигурителната компанија, и истотака по преземањето Јосифовски стана и сè уште е еден од членовите на надзорниот одбор во Vienna Insurance Group, според годишниот извештај за 2013 година на Vienna Insurance Group во Македонија. Прашањето кое е дискутабилно во оваа сторија за осигурување е дали сумата која Андреја ја добива како член на Надзорниот одбор е само маска за други матни зделки? Зошто останува да биде член на надзорниот одбор по преземањето? Дали има друга игра во позадина?

Но самиот Андреја не е единствената интересна фигура во ова поглавје за осигурување. По смртта на поранешниот познат директор на Макпетрол, Гаврило Гаврилски, кој бил почитуван од секого во Макпетрол, многу работи се имаат дрстично променето. Компанијата од тогаш до сега, се има транзиционирано од златната компанија, која како што кажувале вработените тогаш, “имала доволно пари да исплаќа плати на секој вработен до крајот на нашите животи па дури и повеќе”, до компанија која континуирано оперира со загуби и долгови – нешто кое било незамисливо под менаџментото на Гаврилски. Во тоа време, претседателот на Собранието на Република Македонија, беше Стојан Андов, чиј син, Бошко Андов, пред неколку години фигурираше како член на одборот на QBE Mакедонија, а сега е генерален менаџер и претседател на управниот одбор на “Осигурување Македонија – Vienna Insurance Group Macedonia”, заедно со Андреја, кој моментално е член на надзорниот одбор во оваа компанија. Како што имаше објаснето и споделено Миленко Неделковски, Стојан Андов е главната фигура која имала доволно влијание за да го позиционира Јосифовски на врвот на Макпетрол на времето. Како екс амбасадор на Југославија, Андов имал искуство со нафта од Ирак, и ова му има овозможено дозвола од поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, да го одбере “правилниот” директор на Макпетрол. Кога Андреја бил одбран како главен лик во Макпетрол, сите менаџери на секторите во компанијата кои го подржувале за да стане нов директор, им била доделена по една Хонда Акорд за приватна и службена употреба. Дали е можно ова да е голема услуга која Јосифовски своеволно му ја дава назад на семејството на Андов? Причината “зошто” е едноставна, доколку јавноста сака да биде потсетена на историјата уште еднаш.

makpetrol_andov
Дали ова е можеби уште една игра на парите на акционерите на Макпетрол, кои се главната точка во безбројни сомнежи дека биле поврзани и биле прелеани во скоро секоја компанија со која Јосифовски бил поврзуван? Дали ова биле дел од парите на акционерите на Макпетрол кои биле во игра во процесот на преземање и купување на QBE Македонија од Vienna Insurance Group?
makpetrol_andov2
makpetrol_andov3

makpetrol_andov4

makpetrol_andov5
Во последните 20 години, Јосифовски има работено во нафтениот бизнис како главен на најголемата нафтена компанија во државата, но неговите лични добивки се посебна тема на која ретко кој е доволно храбар да ја анализира и коментира во јавноста. По повеќе од 20 години, токму сега, во средината на преземањето на Макпетрол од страна на БПХЛ, беше објавено во македонската јавност, дека Јосифовски порано бил сопственик на компанија заедно со Милан Сотивовски со еднаков удел со Макпетрол во Petroimpex (Overseas) Limited, оф-шор компанија лоцирана во Кипар, и формирана во времето кога Кипар сè уште е оф-шор зона, која подоцна била затворена само неколку години откако бил изгласан нов закон од Кипарската Влада, дека земјата повеќе не е оф-шор дестинација. Покрај ова, интересно е да се напомене дека нема ниту еден официјален податок или пак пријавени акции во таква компанија во македонските државни институции. Зошто ова не е сомнително и зошто ниту една македонска институција не пробува да го истражи ова? Дали акционерите воопшто биле свесни и запознаети дека Макпетрол имал акции на времето во таква компанија и кој и како ги користел тие пари?

Според објавените факти и изјави, изгледа дека личност со таков профил, најверојатно има многу повеќе банкарски сметки и имот во странство кој можеби не е пријавен во македонските државни институции, или пак дали е можно дека тие не се пријавени и со нив не се запознаети институциите и јавноста бидејќи постои можност дека овие поседувања им припаѓаат на акционерите на Макпетрол, ако испадне дека нивните пари се поврзани во вакво мрачно сценарио?

Нормално, во секоја држава, законот треба да е еднаков за сите, не само за големите риби, од кои една од нив во оваа ситуација константно и упорно пробува да ја достигне големината на езерцето во кое живее, наречено Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This