Стојкова: Тоа што се соочуваме со бројни ckaндали е доказ дека нема нaпредок во бopбата пpoтив kpиминалот и kopупцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова во гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат зборувајќи за тоа дали Владата прави доволно за реформирање на судскиот систем и борбара против криминалот и коропцијата, рече дека тоа што во изминативе месеци се соочуваме со бројни скандали во кои се директво вклучени преставници на Владата, покажува дека нема напредок во овие области.

„Не се согласувам дека сме напреднале во овие области, особено затоа што во изминативе неколку месеци се сочивме со неколку тешки скандали. Скандалот со пасошите е меѓународен скандал бидејќи ја извади Македонија на листата на земји каде што лесно се добиваат фалсификувани пасоши. Понатаму во моментов ние имаме преставници на Владата, како Рашковски на пример, кој што е под истрага, а беше десната рака на премиерот. Така да не гледам јас тука напредок во решавање на криминалите, напротив, ние во моментот имаме многу отворени случаи, кои не се затворени а произлегуваат од оваа Влада“, истакна Стојкова.

Таа како најсвеж пример за тоа дека не се направени реформи во правосудниот систем го спомна интервјуто на премиерот Зоран Заев дадено за „Фокус“ каде тој во еден дел го брани поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски кој важеше за негова десна рака, велејќи дека не се согласува со обвинителката Вилма Русковска дека Рашковски постапил незаконски за набавката на Софтверот.
„Ние имаме скандали исто и во правосудството. Денеска излезе интервјуто на премиерот Зоран Заев за „Фокус“ каде што тој вели дека не верува во мислењето на Русковска за вината на Драги Рашковски. Дали тоа не е мешање во правосудниот систем директно од власта? Таа тријада на функционирање не може така да се наруши. Мора да се знае дека правосудниот систем, судовите се комплетно и автономни. Не може да коментира премиерот судски одлуки, потенцираше Стојкова.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This