СТРАВ МУ Е ДА КАЖЕ „МАКЕДОНИЈА“: Заев не смееше да ја спомне Македонија и Македонци во интервјуто за „Еуроњуз“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на „нашата земја“,Зоран Заев го допре новото дно во понижувањето на Македонија, македонскиот народ и македонскиот идентитет.

Во интервјуто кое траеше 11 минути, премиерот Заев буквално ниту еднаш не го изговори зборот Македонија, а дури 27 пати кажа „нашата земја“, „нашите граѓани“, „нашата страна“ и други слични маневри со кои избегна да го каже зборот Македонија.

Истовремено, на Заев не му пречеше дури 10 пати да ги изговори термините Грција, грчки народ, грчка страна и слично.

Голем срам за Македонија беше и мизерното познавање на Заев на англискиот јазик, кој реално не го знае, неможејќи да изговори буквално ниту една реченица без голем број сериозни грешки.

Ваквите гафови на Заев, не предизвикуваат само потсмев туку се и срам за државата која би требало да ја претставува.

До сега таквите понижувања со „нашата земја“ доаѓаа од разни страни, но сега прв пат во историјата Македонија има премиер кој буквално одбива да го изговори името на Македонија и македонскиот народ.

 

26 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This