СТРАВ ОД ВЛИЈАНИЕ НА РУСИЈА: Американците ќе го решаваат спорот околу името, Македонија ќе прави отстапки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следната година би можела да биде клучна за решавање на долгогодишниот спор помеѓу Грција и Македонија во врска со официјалното име на држвата, наведува грчкиот весник „Катимерини“

© REUTERS/ Ognen Teofilovski

Официјалните претставници од Европа и Вашингтон веруваат дека би можело да постои можност спорот врзан за името Македонија да се реши во периодот помеѓу локалните избори во октомври оваа година и претседателските избори во 2019 година, се објаснува во текстот на грчки „Катимерини“.

„Надежите за решение се пробудени откако Зоран Заев во јуни ја формираше владата, по повеќмесечен политички метеж“, истакнува „Катимерини“.

Уште една прична зошто дипломатите, на кои се повикува грчкиот весникт, веруваат дека решение за спроот околу името би можело да биде достапно е тоа што „САД повторно се заинтересирани за овој регион, пред се поради стравувањето дека Русија би можела да настојува да го прошири своето влијание на слабите земји како што е Босна и Херцеговина“, пишува грчкиот весник.

Според изворите на кој тој весник се повикува, американските официјални претставници го воочиле враќањето на прагматизмот во Македонија, и земјата е спремна на компромиси и отстапки.

„Западните дипломати не ја притискаа ниту Атина ниту Скопје да прават отстапки во оваа фаза, и на двете страни им е советувано да избегнуваа јавен дијалог по тоа прашање…Целта е двете страни да превземат чекор следната година, а преговорите да бидат завршени пред претседателските избори во Македонија во 2019 година, кога и Грција ја чекаат општи избори“, заклучува грчкиот весник повикувајќи се на неименувани извори.

32 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This