СТРАВ ОД НОВО, ТАЈНО САЈБЕР ОРУЖЈЕ: Американските воени бродови се судираат на отворено море, поради упад во системот ГПС!

Поврзано

- Advertisement -

Магазинот „Стандард“ објави текст за „новото руско тајно оружје“. Експертот за магазинот смета дека специјалните служби на Русија можат да влијаат на работата на американскиот „глобален позиционирачки систем“ (ГПС)

- Advertisement -

Американскиот брод кој на 22.јуни се наоѓал кај Новоросиск, открил дека според ГПС-от се наоѓа на меѓународниот аеродром Генедџика. Амерканската флота не можела да ја открие причината за дефектот, иако уште 20 бродови биле доведени во заблуда.

Во Москва возачите се жалеле на прекин во работата на автомобилските навигации. Блогарот и ИТ експерт Григориј Бакунов го проверил системот во близина на Кремљ. Според неговите податоци, сигналот на сателитот биле забележително послаби.

Според мислењето на експертите на весникот „Њу Сајентист“, руските специјални служби и руската војска користат „спуфинг“ – давање на лажни податоци за координатите на навигационите системи и инструметни.

„Стандард“ наведува дека „ГПС спуфинг“ е доста силно оружје во електронската војна. Практично е невозможно да се предвиди нападот на воената техника и дронови. Промената на податоците на ГПС е незабележителна до последниот момент, јавува телевизијата „360“.

Морнарицата на САД ги запрела операциите по сударот на разурнувачите.

Американската морнарица ќе ги прекине на одредено време операциите ширум светот по сударот на разурнувачките „Џон С. Макејн“ и трговскиот брод, што е последен во низата слични инциденти.

„Овој тренд бара силна акција. Наложив оперативна пауза на сите наши флоти во светот“, рекол командантот на поморските операции Адмирал Џон Ричардсон.

Истовремено, американскиот министер за одбрана Џон Матис најавил темелна истрага по неколкуте инциденти во кој учествувале бродови на американската морнарица, пренесува АП.

Десет морнари се водат како исчезати, а пет повредени, откако американските воени бродови се судрија со танкерот за нафта, источно од Сингапур, соопшти американската морнарица, потестувајќи дека тоа е втор инцидент на морнарицата во азиски води за помалку од два месеци.

Како што се наведува, американскиот разурнувач „Џон С. Макејн“ се судрил со трговскиот брод „Алник МЦ“ во раните утрински часови, додека се движел кон пристаништето во Сингапур, пренесува Ројтерс.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This