СТРАВ ОД „СЕВЕРЕН ТЕК 2“: Американските бази зависни од рускиот гас – воените експерти од САД предупредуваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обезбедувањето на американските воени објекти во Европа со електрична енергија зависи од испораката на гас од Русија, пишува „Национален интерес“, Повикувајки го Конгресот да го разгледа прашањето за зајакнување на базите со резервни сили


Како што наведува „Национален интерес“, бидејки Русија се повеќе испорачува гас во Европа паралелно со изградбата на „Северен тек 2“, американските законодавци треба да размислат за организирање на микромрежа во воените објекти, складишта и електромобили заради обезбедување на енергетско снабдување, доколку истото биде доведено до знак прашалник.
Магазинот потсетува дека во првата половина на 2018 година 41% од гасот кој е увезен во Европа, стасал од Русија.

Американската база Рамштајн во Германија е најголем стратешки воен објект во кој се наоѓаат 56 000 американски војници. Тоа е седиштето на американската авијација во Европа и воената морнарица на НАТО. Што значи дека, 40% од нафтата која ја користат воените објекти во Германија отпаѓа на Русија, пишува американскиот магазин, извлекувајки заклучок дека американските воени објекти во Европа се зависни од енергијата од Русија.

Според мислењето на авторот на Магазинот, доколку Русија реши да го претвори гасот во оружје, тогаш не само Германија што ќе се бори со енергоснабдување на своите граѓани, туку и американските воени бази и операциите би се нашле во ќорсокак.

„Северен тек 2“, продолжува магазинот, „ја зголемува геополитичката моќ на Москва и ја дуплира зависноста на Европа од руските енергенси“. Авторот на натписот исто така се грижи и за тоа дека сретствата од продажбата на гас на Европа „на Русија и претставуваат големи ресурси за постигнување не пријателски цели“
„Засилувањето на енергетската зависност од Русија може да биде искористено за притисок на ЕУ и забивање на нож помеѓу сојузниците и НАТО“, пишува „Национален интерес“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This