April 26, 2024, 11:00 am

СТРАВ ОД СОПСТВЕНИОТ НАРОД: Спасовски ги прекршува законот за избори и внатрешни работи со ангажирање на целото обезбедување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стравот од сопствениот народ го натера Оливер Спасовски да го крши законот за избори

proliver_obezbeduvanje_n

 

Антидржавните политики на Зоран Заев и останатите од раководството на СДСМ го разбудија гневот на Македонците и тие веќе не се чувствуваат безбедно, дури ни кога одат меѓу сопственото членство, во наместен обид да презентираат блискост до граѓанитеproliver_obezbeduvanje3

Оливер Спасовски исплашен од реакциите на Македонците го ангажирал целото обезбедување од МВР, иако согласо со закон е најстрого забранео присуство на службени лица од МВР на партиски организирани настани. И, ова не е прв случај. Претходно информиравме за десетици службеници на МВР кои наместо на работното место земале учество на партиски активности, и поради тоа неофицијално информиравме дека се ставени на список за добивање на отказни решенија поради прекршување на Законот но и професионалните стандарди.

proliver_obezbeduvanje6
Сашо Тасевски – дел од обезбедувањето на Оливер Спасовски, вработен во МВР!

Не само што Оливер го ангажирал целото обезбедување на МВР, туку истите се принудени да тераат и партиска кампања. Дури и да е по слободен избор на полицискиот службеник, тоа е спротивно на закон и соодветно казниво.

Согласно Законот за внатрешни работи, овластено службено лице и полициски службеник не смее да учествува во политичка кампања и не смее да демонстрира поддршка на било која политичка партија.

Стравот кај раководството на СДСМ произлегува од нивните добропознати антидржавни ставови кои вклучуваат воведување на двојазичност на цела територија, промена на Уставот и редефинирање на државата преку федерализација како што најави претседателот на СДСМ Зоран Заев од Швајцарија.

image-0-02-05-d976be92169db116788211c7fc540376b2b2d3dc1767ce4b607bdb19bd5e37de-v

Ова предизвика силен гнев кај Македонскиот народ, па во текот на вчерашниот ден за маку беше избегнат поголем инцидент кога носителот на ИЕ 6 на СДСМ Петре Шилегов бегаше и се криеше во продавница на член на СДСМ во Брвеница, откако гневните жители му се нафрлиле и сакале да го избркаат од нивното село поради навредливите коментари кои Шилегов ги даваше за време на терористичкиот напад во Диво Насеље во кој животот го загуби еден соселанец на брвенчани.

shilegov-kamaj-640x236

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This