April 23, 2024, 12:47 pm

СТРАНИТЕ БИЛЕ МНОГУ ПОСВЕТЕНИ: Нимиц вели дека двете страни се многу посветени на постигнување решение, нов состанок на почетокот на мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Двете страни се многу посветени на постигнување решение. Процесот ќе продолжи во наредните недели, кратко изјави медијаторот Метју Нимиц по завршувањето на денешната средба во Виена за разликата за спорот за името на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Состанокот почна околу 15 часот, а засега не се знаат детали околу тоа што точно се разговарало.

Земајќи ја в предвид изјавата на премиерот Заев од пред десетина дена дека во однос на спорот за името „не е решен опсегот и не е решено името за меѓународна употреба”, може само да се претпостави дека овие разлики биле на дневен ред на денешната средба.

Грција од друга страна, според изјавите на официјалните претставници, не отстапува од барањето името да биде за целосна употреба, што подразбира и промена на Уставот. Коѕијас во минатата недела нагласи дека идентитетот е прашање на самоопределување, за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите би стоело државјанин на името за кое што ќе постои договор. Тој категорично ја отфрли можноста за постигнување договор без промени на Уставот и ерга омнес.

По овој најнов денешен состанок се очекува двајцата министри да се сретнат во Солун во почетокот на мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This