April 18, 2024, 10:40 pm

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ КОИ ГИ ДОНЕСЕ ВМРО-ДПМНЕ ,,ГAЗAT”: Неверојатни финансиски резултати на шесте најголеми странски инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите шест најголеми странски инвестиции кои неколку години наназад работат во земјава, лани имале одлични резултати. Сите имаат зголемени вкупни приходи лани во однос на 2017 година, а гигантот „Џонсон Мети“ има профит од 97,8 милиони евра. Овие компании освен што вработуваат значаен број на лица, а поважно е можеби тоа што нивните приходи многу влијаат на македонскиот извоз, зашто речиси целото производство завршува надвор, пренесува Фактор.

Најголемите шест странски инвестиции во земјава лани направиле приход од 2,36 милијарди евра, а убедливо најголем меѓу нив и воопшто во целиот бизнис сектор во земјава е подружницата на британската аквизиција на „Џонсон Мети“ чиј приход од продажба е 1,75 милијарди евра и во споредба со 2017 година е повисок за 18 отсто.

„Џонсон Мети“ е убедливо најголем деловне субјект во земјава. Целото производство оди во извоз за потребите на автомобилски корпорации ширум светот. Неговата добивка за лани е 97,8 милиони евра. „Џонсон Мети“ воедно е компанија со најголема добивка во земјава. Втор на ранг листата според остварениот приход е „Кромберг и Шуберт“ лоциран во близина на Битола. Оваа компанија остварила приход од 223 милиони евра и тоа е за 47 отсто повеќе од 2017 година. Добивката лани изнесува 3,9 милиони евра и е за 42 отсто поголема од претходната година.

Во големата тројка е и „Ван Хол“ производителот на автобуси, чија фабрика е лоцирана во индустриската зона во Илинден. Оваа компанија лани оствари приход од 179,2 милиони евра и тој пораснал за 32 отсто во споредба со 2017 година. Профитот лани е 12,4 милиони евра и книжи раст од 33 отсто во однос на претходната година.

„Маркарт“ чиј производствен погон е лоциран во близина на Велес лани остварил приходи во износ од 74 милиони евра и тие се за 59 отсто, а профитот е 6 милиони евра.

„Амфенол“ лани оствари приход од 70 милиони евра и тие се за 16 отсто повисоки од претходната година. Најголемата компанија во Кочани, според приходите и според бројот на вработени лица, лани остварила профит од 3,6 милиони евра и тоа е за 30 отсто послаб резултат од аспект на профитот.

Најмал меѓу џиновите е „Дрекслмајер“ компанијата што е најголем работодавач во регионот на Тиквешијата. Неговиот приход е 68 милиони евра, а е поголем за 18 отсто од 2017 година. Добивката е за 15 отсто поголема од претходната година и изнесува 3 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This