СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НА ГРУЕВСКИ ЈА ОДДРЖУВААТ ЕКОНОМИЈАТА ВО ЖИВОТ: 30 фабрики „џинови“ прават приходи како 5.000 други фирми во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет компании од вкупно регистрирани над 53 илјади прават над 12 отсто од вкупните приходи на целиот корпоративен сектор во земјава. Овие 30 фирми кои се всушност само 0,05 отсто од вкупниот број компании во земјава, сепак заработиле 12,4 отсто од сета добивка која ја оствариле сите фирми во државата. Станува збор за новите производствени капацитети кои првенствено имаат странски сопственици и егзистираат во македонските технолошки индустриски зони. Анализа на Народната банка покажува дека само овие 30 фабрики имаат нето ефект од околу 2,1 отсто во вкупниот Брутодомашен производ од 2013 до 2016 година. Сепак анализата покажува дека овие фирми малку соработуваат со домашните компании и многу малку позајмуваат пари од македонските банки, пренесува Фактор.

„Анализите покажуваат дека новите производствени капацитети иако се малку по број во споредба со големината на вкупниот корпоративен сектор, сепак имаат значајно влијание врз резултатите од работењето и севкупните остварувања на секторот. За периодот од 2015 до 2018 година, новите производствени капацитети придонесувале со над 31 процент во просек за растот на вкупните приходи од продажба на домашниот корпоративен сектор, додека придонесот во растот на вкупните средства за истиот период изнесува 44,4 проценти во просек. Истовремено, тие придонесле со 11,5 отсто во просек за растот на вкупната нетодобивка на корпоративниот сектор, стои во анализата на Народната банка.

Во периодот од 2015 до 2018 година компаниите во зоните имаат двоцифрени стапки на раст на средствата и на вкупните приходи од продажба, што се неколкукратно повисоки во однос на стапките на раст на вкупниот корпоративен сектор.

„Успешноста во работењето на новите производствени капацитети упатува на ефикасна организација на овие компании, функционалност на избраните деловни модели засновани на технолошки напредно производство и квалитет на управувачките процеси, а кај одредени субјекти значајна предност е и припадноста кон меѓународно активни компании. Имено, станува збор за компании што се насочени кон производство на производи со повисока додадена вредност и се дел од меѓународните синџири на снабдување што го олеснува пристапот на глобалниот пазар и позитивно влијае врз успешноста во работењето, утврдила Народната банка.

Станува збор за вкупно 30 економски субјекти што се идентификуваат како нови производствени капацитети од вкупно 53.669 субјекти што доставиле годишни сметки до Централниот регистар во 2018 година.

Анализата на работењето на овие фирми исто така покажала дека тие имаат пониско ниво на долгорочен долг и на обврски по однос на камати. Тоа се должи на тоа што тие позајмуваат пари од меѓународните финансиски пазари, користат меѓукомпаниски заеми, по поповолни услови. Анализата на структурата на финансирањето на новите производствени капацитети покажала дека тие многу малку позајмуваат од домашните банки. На крајот на 2018 година задолженоста кон домашниот банкарски сектор изнесува само 0,8 проценти од вкупните обврски. Инаку долгот на новите производствени капацитети учествува со само 0,2 отсто во вкупниот долг на корпоративниот сектор кон домашните банки

Од Народната банка велат и дека анализите покажале дека има ниско ниво на соработка на новите производствени капацитети со компании од домашната економија преку набавки на стоки и услуги, како и на основни средства.

Проценки укажуваат на многу ниско ниво на вклученост на домашните компании во синџирите на снабдување на новите производствени капацитети.

Во 2018 година, новите производствени капацитети вработуваат 7,1 отсто од просечниот број на вработени во корпоративниот сектор, во споредба со 2,9 отсто во 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This