СТРАНЦИТЕ РЕДОВНИ ГОСТИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ: Шарл Мишел денеска за прв пат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел, денеска за прв пат ќе ја посети Македонија, а тој е следен во низата на европски челници кои за краток временски период на официјално Скопје му даваат уверување дека Брисел е целосно посветен Македонија да го направи клучниот исчекор и напролет да ги почне преговорите со Европската Унијата.

Минатата недела еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи рече дека Македонија е целосно подготвена да ги започне преговорите со ЕУ и најави дека на Европскиот парламент му предложил да одобри 50 милиони евра за реформските процеси во земјава.

Европскиот Совет предводен од Мишел ќе го има клучниот збор за македонските преговори, а се очекува тој во Скопје да ги презентира контурите на новата методологија на преговарање, која треба да биде објавена во февруари. Очекувањата се дека тоа е клучниот потег кој ќе го омекне ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој конечно ќе треба да даде зелено светло.

Не е познато дали Мишел во Скопје потворно ќе го реафирмира прашањето за потребата од носење на Законот за јавно обвинителство, но генерално мислење е дека тој треба да се донесе до изборите во април, иако според реториката на власта и опозицијата, не изгледа дека таа работа ќе се движи со леснотија.

Мишел ќе допатува од Албанија, која ќе ја посети исто така денеска. Неговите средби со државниот и политички врв во земјава се предвидени за попладневните часови. Теми за разговор на средбите очекувано е да биде пристапувањето на земјава во ЕУ и реформскиот процес.

За време на посетата на Хрватска како земја-претседавач со ЕУ изјави дека Брисел треба да испрати силна и јасна порака до Тирана и Скопје. Тој во Загреб изрази надеж дека Советот ќе постигне согласност.

Европската комисија најави дека во февруари ќе ги објави прдлог измените на методологијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This