СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ: Американскиот сенат донесе резолуција со која секој противник на промена на името се смета за про-руски активист

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот сенат донел резолуција поврзана со Македонија со број 602, според која секој опонент на договорот со Грција е карактеризиран како про-руски активист. Резолуцијата на Сенатот 602 понатаму тврди дека промената на името ќе овозможи Македонија да стане земја членка на НАТО и ЕУ. Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) жестоко ја критикуваше резолуцијата која ја нарече навредлива за македонскиот народ и спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување.

 

– Над 95% од македонските испитаници на неодамнешната анкета спроведена од страна на ОМД, покажа дека македонскиот народ е недвосмислено против промената на македонското име и идентитет по цена на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО. Оваа позиција на зачувување на македонското име и идентитет, ја застапува Претседателот на Република Македонија Др. Ѓорѓе Иванов, кој го смета договорот за неуставен и спротивен на волјата на македонскиот народ.

 

Резолуцијата на Сенатот со број 602 го карактеризира секој опонент на договорот за про-руски активист. Не само што тоа е неосновано, туку и апсурдно, особено тоа што во резолуција се тврди дека Македонија историски негува про-американски став без руски имликации. Со своите неосновани аргументи кои можат до доведат до поголема нестабилност, ОМД смета дека ваквата резолуција е штетна за американскиот углед, се вели во соопштението на ОМД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This