Страшна трагедија во Хрватска: 21 годишно момче починало на улица, затоа што во Брзата помош немало лекар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во хрватското место Запрешиќ се случи несреќа, 21 годишното момче М.Р. починало, а според изјавите на сведоците кои први пристигнале во помош, смртта можела да се спречи, но здравствениот систем затаил.

До несреќата дошло вчера околу 19 часот на улицата Станко Враж во Запрешиќ, а еден од сведоците кој меѓу првите стигнал да помогне, на социјалните мрежи опиша што се случило.

Тој вели дека на момчето му се слошило на улица. Тој заедно со уште две лица кои наишле, тргнале да му помагаат додека се гушел.

Му го држел јазикот под прстите да не би се задушил, а со прстите му го пипкал пулсот кој од минута во минута бил се послаб и послаб. Другите кои стигнале во помош викнале Брза помош два пати, а кога дошло возилото во него немало доктор.

Освен тоа, во возилото немало ниту дефибрилатор, па првата помош му ја давале техничар, сестра и случајна минувачка која била медицинска сестра. После некое време стигнало и друго возило на Брза помош. И тие тргнале со реанимација на момчето, но предоцна.

-Како вечерва мирно да спијам прашувајќи се што можев да направам? Но да, јас сепак не сум доктор. Имам две деца и не знам веќе што да мислам. Ова е проблем, а не паркинг места и глупости. Можеби ова ќе биде вашето дете, не дај Боже, а доктори нема да има, затоа што одлучија дека еден бил доста за цел Запрешиќ. Се тресам од бес додека ова го пишувам. Не се криви луѓето кои работат во Брза помош, туку луѓето кои велат дека не треба два доктора во Брза помош и ги тераат да го работат она за што не се школувани, а ниту платени, напишал Дамир, еден од сведоците кој пристигнал да му помогне на М.Р. и ја опиша целата случка на социјалните мрежи.

Хрвоје Љаљак, кој исто така бил на местото на несреќата додал дека кога техничарот и медицинската сестра од Брзата помош стигнале и ја виделе состојбата во која момчето се наоѓа, во паника кажале „Па не ни кажавте дека се работи за ваква состојба“.

Од централата во Запрешиќ до местото на несреќата им требало околу 15 минути, иако се наоѓа на оддалеченост од 600 метри. Тој додал и дека дошле целосно неспремни, без дефибрилатор, а од опрема имале само четири фластери и спреј Бивацин.

Роднина на момчето за весникот „Јутарњи“ раскажува дека е во потполн шок, а неколку часа откако се случила несреќата, семејството се уште не знаеле за сите детали.

-Мајка му е во шок, тетка е му е во шок. Тие се уште се таму, затоа што тој лежи додека трае увидот и додека судската медицина е на терен. Не можам да верувам дека ова се случило. Дека само еден доктор постои во Запрешиќ кој можел да му помогне, а не бил тука кога требало, како е можно?, се прашува роднината.

Додава дека момчето живеело пет минути од местото каде му се слошило, на улицата Станко Враж, па се претпоставува дека отишол во прошетка со кучето.

-Имаше астма, но секогаш знаеше што да прави во моментите кога ќе му се слоши. Очигледно му било многу лошо штом морале да викаат Брза Помош, вели таа.

Граѓаните на Запрешиќ се бесни и бараат некој да одговара за смртта на момчето, која можела да се спречи. На социјалните мрежи се упатуваат последни поздрави, а се собираат и луѓе кои палат свеќа.

Од полицијата велат дека причините за смртта ќе се знаат откако ќе се спроведе истрага и аутопсија. Додаваат дека веројатно му се слошило, бидејќи нема траги на насилна смрт.

Од Брзата помош за хрватските медиуми одбиле да дадат било какви информации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This