СТРАШНИ ГЛЕТКИ ОД ШПРИЦЕВИ И ИГЛИ ВО КИСЕЛА ВОДА: Филипче продолжува да ја лаже јавноста за дислокација на “Центарот за зависности”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кон крајот на 2018 година први на протести излегоа жителите на Кисела Вода кои побараа целосна дислокација на Центарот за зависности бидејќи две децении живеат во страв од иглите и шприцевите расфрлани околу објектот.

 

 

Во јуни 2019 година граѓаните на Кисела Вода ги собраа шприцевите и иглите од дворот на Центарот за зависници и ги фрлија пред Министерството за здравство, заработија парична казна од 50 евра. Жителите тогаш се прашуваа како може властите нив веднаш да ги казнат, а никој да не реагира за проблемите со кои тие се соочуваат со години наназад во нивната општина каде е сместен Центарот за зависници и каде секојдневно има расфрлано шприцеви и игли поради коишто страдаат и деца.

 

 

Исто така граѓаните раскажуваат и за случки каде често пати се жртви на кражби, а децата на непријатни слики. Да потсетиме дека имаше случај каде што 10 годишно девојче се боцна на игла. Власта “за мир во куќа” вети дислокација во Гази Баба но кога наиде “на нож”од тамошните жители Министерството за здравство и градоначалникот на Гази Баба ја повлекоа одлуката.

Загрижени граѓани, родители и жители не престануваат на социјалните мрежи да споделуваат фотографии од страшните глетки на медицинскиот отпад, власта како и секога останува глува за проблемите на граѓаните.

Филипче пред три месеци лажеше дека имаат план и распоред на лекарски тимови по кои ќе функционираат пунктовите во поликлиниките Јане Сандански и Ченто, за вчера повторно да продолжат со уште поголеми лаги, дека во моментов се во фаза во која се работи на доекипирање на медицинскиот персонал кој ќе работи во пунктовите.

Инфомакс дознава дека уште во ноември минатата година за истата потреба се примени десет медицински сестри и двајца доктори во “Психијатриската болница Бардовци” од кои само 4 сестри се појавуваат на работното место, додека пак останатите само зимаат плата.

Останува прво да видиме како повторно веста за диcлоцирање ќе помине кај жителите во чии општини се планирани пунктови.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This